Почитувани членови,
Во врска со наплатата на заостанатите членарини, ве потсетуваме дека на 20.11.2024 на веб-страницата на ИСОС, како и по пат на лична електронска пошта, беше доставено известување за обврската за подмирување на евентуален долг кон ИСОС. Институтот согласно согласно член 38, став 1, точка 1 од Законот за вршење на сметководствени работи има надлежност да изрече дисциплинската мерка. Дисциплинската мерка за членовите кои без оправдана причина не ја платиле членарината во рок од три месеци по истекот на утврдениот рок за плаќање е јавна опомена.
Следствено на тоа, уште еднаш ве замолуваме, доколку имате долг по основ на неплатена членарина, навремено да го подмирите. Состојбата на вашиот долг можете да ја проверите во секое време преку вашиот личен профил на веб-страницата на ИСОС.
Истовремено, Ве известуваме дека сите релевантни информации поврзани со остварување на законските права и обврски на членството, како и останати теми за унапредување на сметководствената професија, редовно се објавуваат на веб-страницата на Институтот.
Со цел вистинито и целосно информирање, ве молиме следете ги известувањата на веб- страницата, а за евентуални прашања ви стоиме на располагање и можете да се обратите на следната електронска адреса: info@isos.com.mk
Ви благодариме.
Со почит,
Скопје, 27.01.2024
ИСОС