20.11.2024 - In Известувања
Почитувани членови,

Ве повикуваме да направите навремено и целосно ажурирање на вашите податоци во соодветните регистри на ИСОС кои, по нивна проверка, ќе бидат разменети со надлежните институции, согласно законските надлежности на Институтот.
За ажурирање на податоците треба да се најавите на следниот линк:
Потсетуваме и на обврската за плаќање со која се задолжуваат сите членови на Институтот кои не ја платиле годишната чланарина, заклучно со 15.11.2024 година. Тие веднаш, а најдоцна во рок од 8 дена од денот на објавата на јавниот повик, треба да ја платат годишната чланарина. Доколку годишната чланарина не се плати во предвидениот рок, Управниот одбор ќе постапи согласно одредбите од Законот за вршење на сметководствени работи („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.173/22), кои го обрзуваат да поведе постапка за наплата на неплатениот долг.
Сите активни сметководители и овластени сметководители може да ја проверат состојбата на својот долг по основ членарина, на својот профил, преку следниот линк:
Стоиме на располагање за сите евентуални прашања и дилеми на следната мејл адреса: info@isos.com.mk или контакт телефонски број: +389 2 3200 030
Скопје, 20 ноември 2024 година
Со почит,
ИСОС
Институтот е независна, неполитичка и непрофитна организација, во која членуваат сметководители и овластените сметководители, без оглед на нивната национална, верска, расна и друга припадност.

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030
ИСОС © 2023. Сите права задржани.