Политика за приватност

Институтот на сметководители и овластени сметководители ИСОС Ве уверува дека податоците внесени на нашата веб страна www.isos.com.mk нема да бидат злоупотребени, објавени во каков било медиум или споделени со друго трето правно, односно физичко лице во согласност со Законот за заштита на личните податоци и позитивната законска регулатива. ИСОС ќе ги обработува и чува Вашите лични податоци собрани преку веб страната во согласност со Законот за заштита на лични податоци и со останатите важечки прописи во Република Северна Македонија. Податоците и информациите што го идентификуваат корисникот, единствено може да бидат откриени на надлежни државни органи, врз основа на нивно барање или одлука засновани на закон. Истите ќе се чуваат во временски период колку што е потребно за исполнување на целта заради која се собрани.

 

ИСОС презема мерки на претпазливост за да ги заштити личните податоци на корисниците во согласност со позитивните законски прописи. Со цел да обезбедиме тајност и заштита на личните податоци за субјектите, применуваме соодветни технички и организациски мерки за заштита од случајно или незаконско уништување на личните податоци, или нивно случајно губење, преправање, неовлaстено откривање или пристап и заштита од какви било незаконски облици на обработка во согласност со Законот за заштита на личните податоци.

 

Со пристапот или со користењето на веб страната на ИСОС, корисникот потврдува дека ги прочитал, разбрал и дека се согласува со сите услови на Политиката за приватност и со начините на користење на веб страната www.isos.com.mk  Доколку корисникот не се согласува со овие услови го молиме да не пристапува на веб страната.

Оваа Политика за приватност може да биде изменета во кое било време со објавување на изменетиот текст на Политиката за приватност на веб страна.

 

Доколку имате какви било прашања во врска со заштитата на личните податоци, Ве молиме да ни испратите електронска порака на мејл адресата на нашиот контролор за заштита на податоци:

 

Весна Миновска

мејл адреса:  vesna.minovska@isos.com.mk

тел: 389 2 3200 030

Институтот е независна, неполитичка и непрофитна организација, во која членуваат сметководители и овластените сметководители, без оглед на нивната национална, верска, расна и друга припадност.

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030
ИСОС © 2023. Сите права задржани.