Правни лица-Лиценци

Потребни документи за стекнување со лиценца за друштво за вршење сметководствени работи

Двете барања да бидат уредно заверени од правното лице (печат и потпис)

  •  Доказ за годишно осигурување од штета при вршење на професионална дејност од минимум 20.000 евра во денарска противвредност по штетен настан за друштво за вршење на сметководствени работи.
  • Список на вработени лица со број на уверение и назнака за тоа кој потпишува годишни сметки и финансиски извештаи
  • Потврда од Кривичен суд за подносителот на барањето односно за управителот. Потврда во оригинал за неосудуваност согласно чл.27, ст.2, т.4 од Законот за вршење на сметководствени работи (Сл.весник бр.173/22) т.е. доказ дека лицето со правосилна судска пресуда не е осудувано на безусловна казна затвор над шест месеци, за кривичните дела против работните односи, кривични дела против имотот, кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството и кривични дела против службената должност сѐ додека траат правните последици од пресудата.

Потребни документи за стекнување со лиценца за Трговец поединец - овластен сметководител

Двете барања да бидат уредно заверени од правното лице (печат и потпис)

  • Доказ за годишно осигурување од штета при вршење на професионална дејност од минимум 10.000 евра во денарска противвредност по штетен настан за трговец-поединец овластен сметководител.
  • Список на вработени лица (Име и презиме и број на Уверение)
  • Потврда од Кривичен суд за подносителот на барањето односно за управителот, Потврда во оригинал за неосудуваност согласно чл.27, ст.2, т.4 од Законот за вршење на сметководствени работи (Сл.весник бр.173/22) т.е. доказ дека лицето со правосилна судска пресуда не е осудувано на безусловна казна затвор над шест месеци, за кривичните дела против работните односи, кривични дела против имотот, кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството и кривични дела против службената должност сѐ додека траат правните последици од пресудата.

Потребни документи за стекнување со лиценца за Трговец поединец – сметководител

Двете барања да бидат уредно заверени од правното лице (печат и потпис)

  • Доказ за годишно осигурување од штета при вршење на професионална дејност од минимум 2.000 евра во денарска противвредност по штетен настан за друштво за вршење на сметководствени работи.
  •  Список на вработени лица (Име и презиме и број на Уверение)
  • Потврда од Кривичен суд за подносителот на барањето односно за управителот, Потврда во оригинал за неосудуваност согласно чл.27, ст.2, т.4 од Законот за вршење на сметководствени работи (Сл.весник бр.173/22) т.е. доказ дека лицето со правосилна судска пресуда не е осудувано на безусловна казна затвор над шест месеци, за кривичните дела против работните односи, кривични дела против имотот, кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството и кривични дела против службената должност сѐ додека траат правните последици од пресудата.

КОНТАКТ ИНФО

Ул.Кеј 13ти ноември кула 2/8 
Скопје (зграда на главна дирекција на ГТЦ)

 

+389 (0)2 3200030

 

Жиро Сметка
Прокредит Банка
380-1771093051-38

 

НЛБ Тутнска Банка
210-0682971602-69

ИСОС © 2022. Сите права задржани.