Потребни документи за стекнување со лиценца за друштво за вршење сметководствени работи
Двете барања да бидат уредно заверени од правното лице (печат и потпис)
Доказ за годишно осигурување од штета при вршење на професионална дејност од минимум 20.000 евра во денарска противвредност по штетен настан за друштво за вршење на сметководствени работи.
Список на вработени лица со број на уверение и назнака за тоа кој потпишува годишни сметки и финансиски извештаи
Потврда од Кривичен суд за подносителот на барањето односно за управителот. Потврда во оригинал за неосудуваност согласно чл.27, ст.2, т.4 од Законот за вршење на сметководствени работи (Сл.весник бр.173/22) т.е. доказ дека лицето со правосилна судска пресуда не е осудувано на безусловна казна затвор над шест месеци, за кривичните дела против работните односи, кривични дела против имотот, кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството и кривични дела против службената должност сѐ додека траат правните последици од пресудата.
Потребни документи за стекнување со лиценца за Трговец поединец - овластен сметководител
Двете барања да бидат уредно заверени од правното лице (печат и потпис)
Доказ за годишно осигурување од штета при вршење на професионална дејност од минимум 10.000 евра во денарска противвредност по штетен настан за трговец-поединец овластен сметководител.
Список на вработени лица (Име и презиме и број на Уверение)
Потврда од Кривичен суд за подносителот на барањето односно за управителот, Потврда во оригинал за неосудуваност согласно чл.27, ст.2, т.4 од Законот за вршење на сметководствени работи (Сл.весник бр.173/22) т.е. доказ дека лицето со правосилна судска пресуда не е осудувано на безусловна казна затвор над шест месеци, за кривичните дела против работните односи, кривични дела против имотот, кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството и кривични дела против службената должност сѐ додека траат правните последици од пресудата.
Потребни документи за стекнување со лиценца за Трговец поединец – сметководител
Двете барања да бидат уредно заверени од правното лице (печат и потпис)
Доказ за годишно осигурување од штета при вршење на професионална дејност од минимум 2.000 евра во денарска противвредност по штетен настан за друштво за вршење на сметководствени работи.
Список на вработени лица (Име и презиме и број на Уверение)
Потврда од Кривичен суд за подносителот на барањето односно за управителот, Потврда во оригинал за неосудуваност согласно чл.27, ст.2, т.4 од Законот за вршење на сметководствени работи (Сл.весник бр.173/22) т.е. доказ дека лицето со правосилна судска пресуда не е осудувано на безусловна казна затвор над шест месеци, за кривичните дела против работните односи, кривични дела против имотот, кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството и кривични дела против службената должност сѐ додека траат правните последици од пресудата.
Институтот е независна, неполитичка и непрофитна организација, во која членуваат сметководители и овластените сметководители, без оглед на нивната национална, верска, расна и друга припадност.