03.06.2024 - In СООПШТЕНИJA
Претседателката на ИСОС Весна Прентоска учествуваше на два значајни меѓународни настани кои беа одлична можност за комуникација и размена на искуства со претставници на институции, организации и експерти за предизвиците, трендовите и новите барања во областа на корпоративното финансиско известување.

Целта на првиот настан, што се одржа на 28 и 29 мај 2024 во Виена, Австрија, во организација на Светска Банка – Центар за реформа на финансиско известување (CFRR), беше споделување знаење на тема: „Одговори на новите барања во корпоративно финансиско известување и известување за одржливост“, помеѓу претставници на релевантни институции и професионални организации од 11 земји од регионот на Западен Балкан и пошироко. Настанот се одржа во рамки на две водечки програми: Програмата „Патот кон Европа“, наменета за сметководствени реформи и зајакнување на институциите за мали и средни претпријатија (REPARIS), како и новата програма за подобрување на сметководството, ревизијата и известувањето за одржливост (EAASURE).

Покрај размена на сознанија и практични искуства, овој настан беше искористен и за запознавање со следните чекори што треба да се преземат на регионално и на национално ниво во областа на сметководството и ревизијата. Покрај претседателката на ИСОС, од нашата земја на овој настан учествуваа и претставници од Министерството за финансии, претседателот на Институтот на овластени ревизори и претседателот на Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија.

Вториот настан на кој учествуваше претседателката на ИСОС беше стручната конференција за јакнење на корпоративното управување и финансиското известување, која се одржа на 24 мај 2024 година, во рамки на IX Меѓународен симпозиум на сметководителите и ревизорите на Црна Гора, а во организација на Институтот на сметководители и ревизори на Црна Гора и Центарот за реформа на финансиското известување на Светска Банка (CFRR).

Главниот фокус на конференцијата беше ставен на активностите во рамки на програмата REPARIS, која го трасира патот на реформите во областа на сметководството и институционално зајакнување на малите и средни претпријатија. Оваа програма е развиена од страна на CFRR со цел да се поддржи подобрувањето на професионалното сметководство и финансискиот менаџмент и да се овозможи полесно усогласување на земјите од Западен Балкан со рамката за корпоративно финансиско известување и релевантните директиви и регулативи на Европската Унија.  
Институтот е независна, неполитичка и непрофитна организација, во која членуваат сметководители и овластените сметководители, без оглед на нивната национална, верска, расна и друга припадност.

Линкови

Корисни линкови

Жиро сметка

Прокредит Банка
380-1771093051-38
НЛБ Тутнска Банка
210-0682971602-69

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030
ИСОС © 2023. Сите права задржани.