Почитувани колеги,
Ве известуваме дека изготвените уверенија за сметководител и овластен сметководител ќе може да ги подигнувате од 13 до 15 часот од 10.01.2023 година.
Во периодот од 03.01 до 05.01.2023 година поради многу барања стручната служба на Институтот ќе работи на обработка на лиценци за вршење сметководствени работи и барања за упис во соодветните регистри.
Воедно Институтот на сметководители и овластени сметководители Ви ја честита Новата 2023 година и Ви посакува многу здравје, среќа и просперитет.
Нека новата 2023 биде година на уште поголеми заеднички успеси.
СРЕЌНА НОВА ГОДИНА!
Со почит,
ИСОС