Предавање од претставници на ИСОС на вебинар во организација на Економски факултет – Скопје
Членот на Управниот одбор, Благица Кузмановска и членот на Комисијата за образование, едукација и публикации при ИСОС, Иван Ѓуровски денеска одржаа стручно предавање на вебинарот „Како е-фактурирањето може да придонесе кон унапредување на перформансите на владиниот и бизнис сектор“ во организација на Економскиот факултет Скопје.
Учесниците имаа можност да ги слушнат искуствата и практиките, како и придобивките од дигиталната трансформација. Исто така, тие имаа прилика да дискутираат со експертите за тоа кои се предизвиците во процесот на прифаќање на е-фактурирање, но и за значајните придобивки од имплементација на истото во јавниот и приватниот сектор.
Присутните заклучија дека брзата и целосна имплементација на дигитални решенија во процесот на финансиско известување ќе придонесе кон намалување на сивата економија, како и кон зголемена транспарентност на јавниот и корпоративниот сектор во земјата.
Со почит,
ИСОС