Почитувани членови,
Ве известуваме дека, на седница на Комисијата за образование, обука и публикации на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија, одржана на ден 23.04.2024 година, беше усвоен предлогот од Управниот одбор на ИСОС за потребниот број часови на КПУ за сметководители и овластени сметководители до крајот на вториот циклус обуки за КПУ.
Табелата за потребен број часови на КПУ за сметководители и овластени сметководители
до крајот на вториот циклус обуки за КПУ
Потенцираме дека оваа табела претставувам само рамка за минимум КПУ часови кои треба да ги оствари секој поединечен член на ИСОС до крајот на вториот циклус кој завршува на 31.12.2024 година, сметано од денот на уписот во соодветниот регистар на ИСОС.
Остварените часови КПУ секој член на ИСОС може да ги провери на следниот линк:
https://smetkovoditel.isos.com.mk/login
Известување за потребни часови на КПУ за сметководители и овластени сметковводители
Со почит
ИСОС