01.07.2024 - In СООПШТЕНИJA

Почитувани колеги,
 
ИСОС започна со подготовка на анализа на состојбата со цените на сметководствените услуги на пазарот и на платите во овој сектор. Оваа анализа треба да биде основа за креирање на најсоодветни одржливи решенија и механизми за утврдување на препорачани цени на секоја посебна сметководствена услуга, водејќи сметка за нивото на нивна сложеност.
 
За да може да се направи квалитетна анализа, од која ќе произлезат одржливи предлози и решенија, неопходни се прецизни податоци и сознанија за вашата работа и предизвиците со кои се соочувате. Оттаму, ве повикуваме да го пополните ПРАШАЛНИКОТ што е прикачен на оваа веб-страница.
Напоменуваме дека Прашалникот се пополнува анонимно, а одговорите и податоците што ќе ги дадете се наменети исклучиво само за потребите на ова истражување.
 
Со почит,
Управен одговор на ИСОС
 
Скопје, 1 јули 2024
 
Институт на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија
ул. „Св. Кирил и Методиј”, бр.20 кат бр.2, Скопје, Република Северна Македонија
тел.: +389 2 3200 030; +389 70 283 807; web: www.isos.com.mk; e-mail: info@isos.com.mk

Институтот е независна, неполитичка и непрофитна организација, во која членуваат сметководители и овластените сметководители, без оглед на нивната национална, верска, расна и друга припадност.

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030
ИСОС © 2023. Сите права задржани.