Почитувани членови на ИСОС,
Во врска со актуелните проблеми во процесот на поднесување на ДДВ-04 пријави предизвикани во голем дел од ограничената функционалност на електронскиот систем на УЈП, ИСОС уште во текот на вчерашниот ден, а и денеска оствари комуникација со Управата и нејзиното раководство.
Во оваа комуникација со УЈП, ИСОС ги потенцираше сите проблеми со кои се соочуваат сметководителите во процесот на поднесување на пријавите, согласно вашите коментари и барања кои во изминатите два дена пристигнаа до Институтот. Истовремено, на раководството на УЈП му беше предочено дека сметководителите ги поднесуваат ДДВ-04 пријавите врз основа на податоците кои ги добиваат од даночните обврзници, кои не секогаш истите ги доставуваат навремено. Во таа насока би сакале и да изразиме апел до бизнис заедницата, особено во услови на застарен електронски систем на Управата, да ги доставува податоците потребни за ДДВ-04 пријавите порано од предвидениот законски рок, за да истите можат да бидат поднесени навремено.
Во разговорите со раководството на УЈП бевме информирани дека институцијата работи на надминување на техничките проблеми и процесирање на даночните пријави.
Во наредниот период, ИСОС ќе продолжи со заложбите за надградување и подигнување на техничките капацитети на електронскиот систем на Управата, а со цел сите сметководители да имаат непречен пристап до системот во секое време.
Превземете го соопштението
Со почит, Скопје, 25.10.2024
Весна Прентоска
Претседател на ИСОС