Почитувани членови на ИСОС,
 

Ве известуваме дека Правилникот за начин и постапка за добивање на уверение за сметководител и овластен сметководител и упис во регистар, по одлука на Уставниот суд е укинат.
 
Одлуката е укинувачка и согласно член 82 од „Актот на Уставниот Суд на Република Северна Македонија“ истата има правно дејство од моментот кога е донесена, односно објавена во Службен весник на Република Северна Македонија.
 

Оттука, остануваат на сила сите дејствија кои произлегле од Правилникот, а се поврзани со издадени уверенија за сметководител и овластен сметководител, лиценци за вршење на сметководствени работи на правни лица и уписи во регистрите на ИСОС.
 

До донесување на соодветен акт, постапките ќе се спроведуваат согласно Законот за вршење на сметководствени работи и Статутот на ИСОС.
 
Превземете го соопштението
 
Скопје, 01.11.2024
Со почит,
Весна Прентоска
Претседател на ИСОС

Институтот е независна, неполитичка и непрофитна организација, во која членуваат сметководители и овластените сметководители, без оглед на нивната национална, верска, расна и друга припадност.

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030
ИСОС © 2023. Сите права задржани.