Почитувани,
Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) ја започна финалната фаза од процесот на ажурирање и објавување на податоците во регистрите на сметководители и овластени сметководители, вклучително и во регистарот на друштва за вршење на сметководствени работи.
Оваа фаза од процесот започнува од денеска (18 декември 2023), со објавување на прелиминарниот список на правни лица за вршење сметководствени работи на интернет страницата на Институтот, а ќе заврши со објавување на конечните ажурирани регистри што ќе се случи на 15 јануари 2024 година.
Од регистрите се избришани 172 правни лица кои побарале бришење по своја волја или согласно евиденцијата во Централен регистар се избришани или е поведена постапка за ликвидација. Досега 42 правни лица доставиле информација дека се во постапка на усогласување, а останатите веруваме дека до крајот на рокот ќе се усогласат.
Прелиминарен регистар на правни лица кои имаат лиценца за вршење сметководствени работи
Со почит,
Управен одбор на ИСОС