Почитувани членови,
Ве потсетуваме дека до крајот на 2024 година е потребно да го остварите потребниот број на часови од посета на обуки за континуирано професионално усовршување. Бројот на часови кој е неопходен да се исполни согласно Законот е содржан во табелата:
 

 
Истовремено, ве информираме дека Управниот одбор на ИСОС, за секој член кој нема да го оствари предвидениот број на часови од КПУ обуки, согласно Законот за вршење сметководствени работи член 40 став 1, ќе изрече дисциплинска мерка за времено бришење од соодветниот регистар на ИСОС во траење од една година.
 
Остварените КПУ часови секој член може да ги провери на следниот линк: https://smetkovoditel.isos.com.mk/login
 
Стоиме на располагање за сите евентуални прашања и дилеми на следната мејл адреса: isos@isos.com.mk или контакт телефонски број: +389 2 3200 030
 

Со почит, Скопје, 20 ноември 2024 година
ИСОС

Институтот е независна, неполитичка и непрофитна организација, во која членуваат сметководители и овластените сметководители, без оглед на нивната национална, верска, расна и друга припадност.

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030
ИСОС © 2023. Сите права задржани.