12.09.2024 - In Известувања

Почитувани,
 
Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС), согласно Законот за вршење на сметководствени работи и Правилникот за начин и постапка за добивање уверение за сметководител и овластен сметководител, ги повикува сите правни лица кои сеуште не ја извршиле упис на лиценцата за работа во тековната состојба во Централниот регистар (вкупно 177 правни лица), во рок од 30 дена од денот на ова известување да ја извршат оваа законска обврска.
 
По завршување на оваа постапка во Централниот регистар и уписот на лиценцата, овие правни лица потребно е да достават примерок од издаденото решение за направениот упис до ИСОС.
 
Оваа обврска произлегува од член 32 став 8 од Законот за вршење сметководствени работи, со кој е пропишано дека „Трговец поединец – сметководител, трговец поединец – овластен сметководители, друштво за вршење сметководствени работи може да работи по извршен упис на лиценцата за работа во Централниот регистар во рок од 15 дена од денот на приемот на истата“. Дополнително, ова е пропишано и со член 15 во Правилникот за начин и постапка за добивање на уверение на сметководител и овластен сметководител на ИСОС.
 
Доколку не постапат согласно горе наведената законска обврска, Институтот по службена должност ќе поведе постапка согласно одредбите од Законот за вршење на сметководствени работи.
 
Овој допис е доставен и по електронска пошта до правните лица кои немаат впишано лиценца
за работа во Централниот регистар.
 
Со почит, Скопје, 12 септември 2024
ИСОС

Институтот е независна, неполитичка и непрофитна организација, во која членуваат сметководители и овластените сметководители, без оглед на нивната национална, верска, расна и друга припадност.

Линкови

Корисни линкови

Жиро сметка

Прокредит Банка
380-1771093051-38
НЛБ Тутнска Банка
210-0682971602-69

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030
ИСОС © 2023. Сите права задржани.