Почитувани,
Во прилог на ова известување е Јавен повик за Собрание и Дневен ред за конститутивна седница на Собрание, како и предлог Статут на Институт на сметководители и овластени сметководители.
Би сакале да Ве информираме дека до 31.03.2023 (петок) на веб страната на ИСОС ќе се објави список на сите активни и комплетно ажурирани сметководители и овластени сметководители кои ќе имаат право да гласаат.
Сите потребни материјали за листата на кандидати (членови на Собрание, членови на Надзорен одбор, членови за Управен Одбор, членови за Претседател на Институтот со програми за истите), начинот на гласање, упатство за гласање, ќе бидат објавени на веб страната на Институтот и доставени до сите активни ажурирани членови по електронска пошта. Изборот е закажан за вторник 11ти Април. Во прилог правилник за начинот на спроведување на избори согласно член 73 од ЗВСР.
Со почит,
ИСОС