Честит 8. Март – Меѓународен ден на жената
Институтот за сметководители и овластени сметководители, на жените-сметководители и на сите жени во нашата земја, им го честита 8. Март – Меѓународниот ден на жената. На сите вам ви посакуваме многу успеси на секое поле од животот, вклучувајќи го вашиот професионален и личен развој.
Иако, се разбира дека жените треба да се почитуваат континуирано во текот на целата година, сепак овој ден, прогласен од Обединетите Нации како меѓународен ден на жената, е посебен ден со кој ја одбележуваме борбата на сите жени за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.
Горди сме на фактот што над 75% од сметководителите во земјата се жени. Создавањето на перспективни кариерни можности и поголемо вреднување на трудот, се нашите клучни цели за унапредување на сметководствената професија. Тие цели истовремено придонесуваат за еднакви можности за професионален развој и напредување на жените, што ги прави финансиски независни и ја јакне нивната положба во општеството. Патот кон имплементација на меѓународните финансиски стандарди ќе отвори значајни перспективи за натамошен развој на сметководствената професија и ќе им овозможи на сите, вклучувајќи ги и жените-сметководители, натамошен развој и конкурентност на пазарот на трудот.
Веруваме дека и наредната година ќе го честитаме 8. Март со висок процент на застапеност на жените во сметководствената професија, како и со зголемена застапеност на жените во управувачките органи на компаниите.
Со почит,
Управен одбор на ИСОС
Скопје, 8 март 2024