10.04.2023 - In Известувања

 

Почитувани,

 

Институтот на сметководители и овластени сметководители објавува видео и упатство за начинот на гласање.

 

Изборите се закажани за утре, вторник 11.04.2023 година од 12 до 13 часот.

 

Видеото е на линкот во продолжение:

 

Секој член објавен на листите на веб страната на Институтот кој има право да гласа ќе добие е-маил порака која ги содржи линкот до страната за гласање и еднократниот код за гласање.

 

Се известуваат сите членови дека ажурираните контакт податоци се преземени заклучно 05.04.2023 и базата е затворена.

 

Код за гласање по маил ќе се добие најдоцна до 11:30 часот во вторник 11ти Април. Платформата за гласање ќе биде отворена од 12 до 13 часот.

 

Набљудувањето на изборниот процес ќе го врши Комисијата за избор од член 72 од Законот за вршење сметководствени работи која записнички ќе ги констатира изборните резултати.

 

Целиот процес ќе биде евидентиран со видео запис кој ќе биде објавен на веб страната на Институтот.

 

Исто така би сакале да истакнеме дека за време на гласањето на веб страната на ИСОС редовно ќе бидат објавувани статистички податоци за секоја подружница поточно за тоа колку членови го оствариле своето право на глас и до кој временски интервал.

 

Надзор над целиот процес ќе врши Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија, чии членови ќе бидат присутни за време на изборниот процес и на кој ќе му бидат предадени записниците од Комисијата.

 

 

Со почит,

ИСОС

Институтот е независна, неполитичка и непрофитна организација, во која членуваат сметководители и овластените сметководители, без оглед на нивната национална, верска, расна и друга припадност.

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030
ИСОС © 2023. Сите права задржани.