07.12.2023 - In Известувања

 

Почитувани членови на ИСОС,

 

Ве потсетуваме дека крајниот рок за плаќање на членарината за 2023 година, како и за евентуално заостанатата членарина за изминатите години, е 20 декември 2023 година.

 

Ве замолуваме до овој временски рок да ја исполните вашата обврска за плаќање на членарина, затоа што по тој датум ќе се врши ажурирање на регистрите кои ИСОС има законска обврска да ги води, при што согласно членот член 36, став 1, точка 3 од Законот за вршење на сметководствени работи, сметководителот односно овластениот сметководител кој не ја платил членарината се брише од соодветниот регистар.

 

Истовремено, согласно Одлуката бр. 03-11/1 на Советот за унапредување и надзор на сметководствената професија на РСМ, со која сметководителите и овластените сметководители се должни да ги надополнат часовите на континуирано професионално усовршување (КПУ) до 31.12.2024 година, Ве информираме Одлуката е се уште на важност и истата важи и за 2023 година односно условот за задолжителен број на КПУ оваа година нема да биде земен во предвид како основ за времено бришење од соодветниот регистар.

 

Напоменуваме дека со објавување на ова соопштение престанува да важи Повикот за плаќање годишна членарина и евиденција на КПУ часови, објавен на 28.11.2023 на веб-страницата на ИСОС.

 

Соопштение – Повик за плаќање членарина

 

 

Со почит,

 

Управен одбор на ИСОС

Институтот е независна, неполитичка и непрофитна организација, во која членуваат сметководители и овластените сметководители, без оглед на нивната национална, верска, расна и друга припадност.

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030
ИСОС © 2023. Сите права задржани.