13.12.2023 - In Известувања

 

Почитувани колеги,

 

На заедничката седница на Советот за унапредување на сметководствената професија со Управниот и Надзорниот одбор на Институтот на сметководители и овластени сметководители, што се одржа на 11 декември 2023, меѓу останатото беше донесена и одлука да се упати уште еден повик до сите активни членови на ИСОС да ја исполнат законската обврска за плаќање на  членарината за 2023 година, како и за евентуално заостанатата членарина за изминатите години.

 

Уште еднаш ви обрнуваме внимание дека согласно член 36, став 1, точка 3 од Законот за вршење на сметководствени работи, сметководителот, односно овластениот сметководител кој не ја платил членарината, се брише од соодветниот регистар. Согласно членот 36, став 2, точка 2 од споменатиот Закон, со бришење од регистарот по основ на неплатена членарина, сметководителот, односно овластениот сметководител, го губи правото за вршење на сметководствени работи за период од три години.

 

Со цел да се избегнат вакви непријатни и непосакувани ситуации, Ве замолуваме, доколку поради каква било причина сеуште не сте ја платиле членарината, да го сторите тоа во најкраток временски рок.

 

Соопштение – Повик за плаќање членарина

 

Со почит,

 

Управен одбор на ИСОС

 

 

 

 

 

 

Институтот е независна, неполитичка и непрофитна организација, во која членуваат сметководители и овластените сметководители, без оглед на нивната национална, верска, расна и друга припадност.

Линкови

Корисни линкови

Жиро сметка

Прокредит Банка
380-1771093051-38
НЛБ Тутнска Банка
210-0682971602-69

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030
ИСОС © 2023. Сите права задржани.