13.12.2023 - In Известувања

 

Почитувани колеги,

 

Ги потсетуваме сите членови дека, согласно член 35, став 6 од Законот за вршење на сметководствени работи, сите физички и правни лица кои веќе се запишани во соодветните регистри на ИСОС, имаат должност да го известат Институтот за сите промени во врска со податоците содржани во Регистарот во кој се впишани, во рок од 15 дена од денот на настанувањето на промената.

 

Во согласност на ваквата законска обврска, ги повикуваме сите активни членови на Институтот, без одложување, да си ги ажурираат своите податоци и да ги внесат сите евентуални промени, преку следниот линк: https://smetkovoditel.isos.com.mk/login

 

Ве информираме дека во следниот период, постапувајќи согласно своите законски обврски и овластувања, ИСОС ќе изврши електронска размена на податоците од ажурираните регистри со Централниот регистар и Управата за јавни приходи.

 

Соопштение – Повик за ажурирање на податоци

 

Со почит,

Управен одбор на ИСОС

Институтот е независна, неполитичка и непрофитна организација, во која членуваат сметководители и овластените сметководители, без оглед на нивната национална, верска, расна и друга припадност.

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030
ИСОС © 2023. Сите права задржани.