март 22, 2023 - In Известувања

Почитувани колеги,

 

Во моменти кога завршија нашите најголеми обврски, поднесување на годишни сметки и во период кога имате помалку обврски, кога со мирна глава може да одлучувате за иднината на нашата  професија, Ве повикувам и воедно Ве молам во што поголем број да се пријавите за членови на органите кои се потребни да функционира Институтот, а со тоа Ве повикувам да гласате независно и по сопствен избор како би можеле тоа што со години го посакуваме да го оствариме – професија со респект и значење во нашето општество.

 

Изборите се закажани за Вторник, 11ти Април, сите потребни материјали и информации ќе бидат доставени до сите активни ажурирани членови  навремено по електронска пошта.

 

Институтот согласно роковите за достава на апликации за Јавните повици, ќе работи и во сабота на 25 март од 9 часот до 16 часот.

 

Со почит

Весна Прентоска

ВД Претседател

ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФО

Ул.Кеј 13ти ноември кула 2/8 
Скопје (зграда на главна дирекција на ГТЦ)

 

+389 (0)2 3200030

 

Жиро Сметка
Прокредит Банка
380-1771093051-38

 

НЛБ Тутнска Банка
210-0682971602-69

ИСОС © 2022. Сите права задржани.