01.04.2024 - In СООПШТЕНИJA

Прва регионална конференција на професионални сметководители во РСМ:

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

 

Неопходни се одлучни чекори, јасна институционална поддршка и соработка помеѓу сите засегнати страни и партнери во процесот, како и искористување на искуствата на земјите од регионот, за да се овозможи натамошен развој на сметководствената дејност и унапредување на статусот на професионалните сметководители во нашата земја. Ова се дел од препораките на учесниците на регионалната конференција посветена на трендовите, предизвиците, стандардите и перспективите на сметководството во регионот, која во организација на Институтот за сметководители и овластени сметководители (ИСОС) за првпат се одржа во нашата земја.

 

На настанот што се одржа на 28 март 2024 г. во хотелот „Александар палас“ во Скопје присуствуваа околу 300 сметководители, претставници на професионални организации на сметководители и финансиски работници од регионот, на институции, организации и компании од земјава, како и домашни, регионални и меѓународни експерти од областа.

 

Конференцијата која се одвиваше под мотото „Во бројките веруваме” ја отвори министерот за финансии Фатмир Бесими, а воведни излагања имаа и претседателката на ИСОС Весна Прентоска и претседателот на Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија Горан Рафајловски.

 

Инаку, дискусиите во рамки на конференцијата беа организирани во три панели. На првиот панел, за патот до членство во Меѓународната федерација на сметководители (IFAC), како една од главните стратешки цели на ИСОС, дискутираа: претседателката на ИСОС Весна Прентоска, претседателот на Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија Горан Рафајловски, претседателката на советодавната група за поддршка на организациите на професионални сметководители во IFAC Јелена Мисита, директорите на Управата за јавни приходи и на Централниот регистар, Сања Лукаревска и Марија Бошковска Јанковски, како и претседателката на Македонската банкарска асоцијација, Маја Стевкова Штериева.

 

Во вториот конференциски панел, претставниците на организациите на професионалните сметководители од Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово имаа можност да разменат мислења за состојбите и предизвиците со кои се соочува сметководството во нивните земји. Претходно, претставниците на овие професионални организации го искористија собирот во Скопје за да разговараат и за начините како да се поттикне поголема меѓусебна соработка, при што беше договорено во наредниот период да се заокружи процесот на формализирање на рамката за меѓусебна соработка во делот на размена на најдобри практики и искуства, како и во реализацијата на заеднички проекти за континуирана едукација на професионалните сметководители.

 

Во третиот конференциски панел учествуваа: професорката од катедрата за сметководство и ревизија на Економскиот факултет во Скопје Марина Трпеска, членот на Советот за унапредување и надзор на сметководствената професија Јетон Мазлами, советничката на гувернерката на Народната банка Марија Ефремова, претседателот на Советот на странски инвеститори Виктор Мизо, извршниот директор на Метро АД и координатор на Комитетот за превод на ИФРС Симон Милошески и Иван Ѓуровски, извршен директор на интернационално сметководствено биро. Во рамки на овој панел се дебатираше за актуелната положба и перспективите за натамошен развој на сметководствената професија во Македонија.

 

На сите говорници, панелисти и гости на конференцијата им благодариме за нивното учество и придонесот што го дадоа за успехот на овој значаен настан – прв од ваков формат во нашата земја.

 

 

Управен одбор на ИСОС                                                                                                                                                                                 Скопје, 1 април 2024 

Институтот е независна, неполитичка и непрофитна организација, во која членуваат сметководители и овластените сметководители, без оглед на нивната национална, верска, расна и друга припадност.

Линкови

Корисни линкови

Жиро сметка

Прокредит Банка
380-1771093051-38
НЛБ Тутнска Банка
210-0682971602-69

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030
ИСОС © 2023. Сите права задржани.