Почитувани,
Во врска со новиот за ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИН НА И ПОСТАПКА ЗА ДОБИВАЊЕ НА УВЕРЕНИЕ ЗА СМЕТКОВОДИТЕЛ И ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛИ И УПИС ВО РЕГИСТАР, а поврзано со Член 22 од истиот, каде
(1)Лицата кои се стекнале со статус на сметководител и овластен сметководител, како и правни лица кои се стекнале со лиценци за работа пред донесување на овој правилник, се должни да се усогласат во рок од 90 дена од донесување на овој правилник и должни се да достават писмено Известување до Архивата на Институтот.
Институтот информира дека секој кој треба да изврши усогласување согласно новиот Правилник, треба да достави Известување до Институтот кои промени се направени за усогласување со Правилникот како и прилог документација/доказ за направените промени.
Со почит,
ИСОС