Почитувани,
Ве известуваме дека до ИСОС се пристигнати барања за појаснување за можностите дали подносителот на барање за издавање на лиценца за работа на трговецот поединец-сметководител, трговецот поединец-овластен сметководител и на трговско друштво покрај управителот на трговското друштво може да биде и прокуристот, кој едновремено е сметководител односно овластен сметководител во Правните лица и е вработен со полно работно време бидејки во поглед на застапувањето истиот се изедначува со управителот.
УО на Институтот на седницата одржана на 14.12.2023 година го разгледа ова прашање и Ве известува дека барањата за издавање на лиценци за работа, како и документацијата за усогласување каде наместо управителот, подносител на барањето за издавање на лиценцата за работа е прокуристот кој во целост ги исполнува условите согласно ЗВСР, односно Правилникот, ќе ги смета за релевантни и истите ќе ги одобри, доколку прокурата е дадена согласно Законот односно доколку е определена со изјавата за основање на трговското друштво од едно лице, со договорот за друштвото, односно со статутот, доколку е запишана во трговскиот регистар и доколку нема впишани ограничувања во тековната состојба кои би се однесувале на финансиското известување.
Ваквиот став се должи на фактот дека обемот на прокурата како трговско полномошно е определен во самиот Закон, па ЗТД предвидува дека прокуристот може да ги склучува сите договори и да ги врши и сите други правни работи и дејствија во име и за сметка на трговското друштво во рамките на предметот на работењето на друштвото, да го управува друштвото на давателот на прокурата и да го застапува друштвото во постапките пред управните и другите државни органи, организациите и особено пред установите со јавни овластувања и судовите.
Со почит,
Управен одбор на ИСОС