Почитувани колеги,
Со цел избегнување на гужвите кои настанаа во текот на денешниот ден, Управа за јавни работи испрати известување во кое наведува дека доставувањето на образец МПИН кое се врши преку електронската пошта celaplata@ujp.gov.mk – Образец МПИН, ќе работат денес (28.12.2023) и утре (29.12.2023) до 19 часот.
Во продолжение е целосното соопштение од Управата за јавни приходи.
Почитувани,
Управата за јавни приходи Ве известува дека доставувањето на образец МПИН кое се врши преку електронската пошта celaplata@ujp.gov.mk системски непречено се обработува.
Образецот МПИН се поднесува до 10 ти во месецот за претходниот месец, а плаќањето се врши до 15-ти во месецот. Поради големиот интерес од страна на работодавачи кои сакаат да исплатат декемвриска плата до крајот на месецот го поднесуваат образецот и по неколку пати и истиот може да направи мал застој во обработката. Некои работодавачи ги поднесуваат пресметките и директно во Управата за јавни приходи Регионална Дирекција Скопје каде се услужени од даночните службеници
Со цел избегнување на гужвите кои настанаа во текот на денешниот ден, Ве известуваме дека вработените кои работат на МПИН во УЈП РД Скопје денес и утре ќе работат до 19 часот.
Појаснување: Пресметката за плата МПИН се доставува преку интернет, на е-пошта celaplata@ujp.gov.mk . При доставување на образецот МПИН за повеќе даночни обврзници, потребно е пресметките за плата да се достават одделно за секој даночен обврзник. Исто така, веќе еднаш доставена пресметка за плата не треба да се праќа повторно преку е-пошта celaplata@ujp.gov.mk и во даночните канцеларии на УЈП. Декларацијата и Налогот за плаќање ќе бидат доставени на електронската пошта на подносителот најдоцна во рок од 24 часа од поднесувањето на пријавата.