Почитувани,
Ве известуваме дека Уставниот суд на РСМ на 13ти октомври 2023 година објави соопштение за зголемен прилив на предмети во месец август и септември 2023 година, со наведување на предметите, меѓу кои и предметот заведен под У.бр.125/2023 по Иницијатива на Петар Прчевски адвокат до Битола со која се оспорува член 13 од Правилникот за начин и постапка за добивање на уверение за сметководител и овластен сметководител и упис во регистар донесен од Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија од 29.06.2023 година.
Оваа иницијатива е доставена од страна на Уставниот суд со барање за одговор од Институтот, по кое барање е постапено од страна на Институтот и е доставен Одговор.
Иницијатива како и Одговорот на барањето можете да ги погледнете на линкот составен дел на ова Известување.
Ве известуваме дека согласно Деловникот за работа на Уставниот суд на РСМ, Уставниот суд постапката за оценување на уставноста и законитоста на прописи или друг општ акт се поведува со Решение на Уставниот суд по повод поднесена иницијатива.
Доколку Уставниот суд ја прифати оваа иницијатива и донесе решение за понатамошно постапување за оценување на уставноста и законитоста истото ќе биде дополнително објавено на веб страницата на Институтот.
Со почит,
Претседател
Весна Прентоска