октомври 16, 2023 - In Известувања

 

Почитувани,

 

 

По барање на дел од  членството за сторени ненамерни пропусти, Институтот изврши повторна проверка на доставената документација од сите правни лица кои беа објавени во табелата, па врз основа на повторната проверка, Ве известуваме дека во текот на денешниот  и утрешниот ден секое правно лице кое не ги исполнува условите за добивање на лиценца за работа ќе добие по меил адреса известување со насока што дополнително треба да достави.

 

По добиениот поединечен допис, Ве молиме да постапите по насоката и задолжението во дадениот рок од 15 дена.

 

Дополнително, Ве молиме колективно да ги почитуваме правилата и процедурите. Имајте во предвид дека само на тој начин може да се подигне угледот на сметководствената професија и никако да не подлегнувате на некакви неформални организирани групи за отпор, кои несомнено имаат за цел да ја уназадат нашата професија.

 

 

Со почит,

ИСОС

ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФО

Ул.Кеј 13ти ноември кула 2/8 
Скопје (зграда на главна дирекција на ГТЦ)

 

+389 (0)2 3200030

 

Жиро Сметка
Прокредит Банка
380-1771093051-38

 

НЛБ Тутнска Банка
210-0682971602-69

ИСОС © 2022. Сите права задржани.