26.12.2023 - In Известувања

 

Фондацијата за меѓународни стандарди за финансиско известување (IFRS) и официјално ја одобри македонската верзија на меѓународните сметководствени стандарди. Со ова, ИСОС успешно го заокружи процесот на превод на меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ) и за финансиско известување за мали и средни субјекти (МСФИ за МСС), од англиски на македонски јазик, што беше и последната формална пречка за нивно воведување и примена во нашата земја. Преведените меѓународни стандарди ќе бидат и официјално предадени во Министерството за финансии.

 

Преводот на меѓународните сметководствени стандарди – процес кој од нејасни причини се одолговлекувал уште од 2009 година – беше една од приоритетните задачи на нашиот Институт, што ја спроведовме во текот на оваа година. По успешното заокружување на овој просец, следува период во кој сите професионални сметководители во нашата земја треба да се запознаат и подготват за нивната примена.

 

Според резултатите од најновата анкета на Советот на странски инвеститори, во која учествувале компании во земјава, кои генерираат вкупен годишен приход од над 7,7 милијарди евра и имаат големо влијание врз македонската економија, токму примената на најновите меѓународни сметководствени правила и стандарди е едно од петте најприоритетни прашања за бизнисот на кои треба да се фокусираат државните институции во претстојниот период.

 

Воведувањето и употребата на овие стандарди ќе обезбеди конзистентност на финансиските извештаи на домашните компании со оние што се изготвуваат на глобално ниво, што секако е исклучително значајно за нашиот бизнис сектор, бидејќи со тоа се зголемува неговата ефикасност и конкурентност, креирајќи нови можности за инвестиции и соработка во глобални рамки. Дополнително, од нивната имплементација ќе има придобивки и државата, затоа што тоа ќе придонесе за подобра и поефикасна наплата на даноците, како и професионално исполнување на даночните обврски од страна на деловните субјекти. Истовремено, примената на меѓународните сметководствени стандарди и правила значително ќе придонесе за натамошно унапредување на сметководствената професија во нашата земја и нејзино издигнување на исто рамниште со земјите во регионот, во ЕУ и глобално. Тоа ќе нѐ приближи кон полноправно членство во Меѓународната федерација на сметководители (IFAC), која ги застапува интересите на повеќе од три милиони професионални сметководители ширум светот и обезбедува пристап до најдобрите светски практики од оваа област и нивна примена во нашата земја.

 

Верификуван преводот на меѓународните сметководствени стандарди, како основен предуслов за нивно воведување и примена во земјава

 

ИСОС

 

Управен одбор

 

 

 

 

 

Институтот е независна, неполитичка и непрофитна организација, во која членуваат сметководители и овластените сметководители, без оглед на нивната национална, верска, расна и друга припадност.

Линкови

Корисни линкови

Жиро сметка

Прокредит Банка
380-1771093051-38
НЛБ Тутнска Банка
210-0682971602-69

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030
ИСОС © 2023. Сите права задржани.