30.03.2023 - In Известувања

Почитувани членови,

 

Во пресрет на Изборите кои ни следат, а во интерес на сите сметководители и овластени сметководители и сметководствената професија, би сакале да Ве известиме дека условите за плаќањето месечна членарина како и бројот на часови за континуирано професионално усовршување кои досега сте ги исполниле нема да се  поврзани со правото за гласање.

 

Согласно Правилникот за начин на спроведување избори согласно член 73 од ЗВСР, Ве информираме дека секој активен член со потполно ажурирани податоци ќе може да има право да гласа.

 

За членови на Собрание секој член гласа за претставници  пријавени од својата подружница.

 

За членови на Надзорен одбор, Управен одбор и Претседател на Институтот, гласаат сите членови кои ќе бидат објавени на веб страната  како активни членови со потполни ажурирани податоци.

 

Oдносно член кој e ажуриран, а нема пополнето комплетни податоци за работодавач, нема да може да гласа.

 

Членовите кои нема да добијат електронска пошта согласно извештајот кој ќе се добие, ќе добијат СМС  код кој ќе треба еднократно да се искористи за да се најават на платформата за гласање и го остварат своето право.

 

Листа на пријавени кандидати за секој орган на Институтот како и програмите на кандидатите за членови на Управен одбор и Претседател,  одделно ќе бидат објавена на веб страната на Институтот најдоцна до петок 31.03.2023 година, истите материјали ќе бидат испратени на членовите и по електронска пошта.

 

Со почит,

ИСОС

Институтот е независна, неполитичка и непрофитна организација, во која членуваат сметководители и овластените сметководители, без оглед на нивната национална, верска, расна и друга припадност.

Линкови

Корисни линкови

Жиро сметка

Прокредит Банка
380-1771093051-38
НЛБ Тутнска Банка
210-0682971602-69

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030
ИСОС © 2023. Сите права задржани.