ЗA ИНСТИТУТОТ

Институт на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија (ИСОС)

 

Сметководителите и овластените сметководители на територијата на Република Македонија се организираатво Институт на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија (ИСОС).

Институтот е професионално здружение на сметководители и овластените сметководители основано согласно Законот за вршење на сметководствени работи и е основан со цел унапредување на сметководствената професија и организирано делување на сметководителите и овластените сметководители на територијaта на Република Македонија.

Институтот е независна, неполитичка и непрофитна организација, во која членуваат сметководители и овластените сметководители, без оглед на нивната национална, верска, расна и друга припадност.

Претседател на ИСОС

Весна Прентоска
Вршител на должност-Претседател
Институт за сметководители и овластени сметководители на РСМ
e-mail: vesnap@isos.com.mk
Тел: +389 2 3200 030
+389 76 776 777

Управен одбор

Со Институтот раководи Управен одбор кој го сочинуваат претседател и четири члена со мандат од пет години. Управниот одбор ги подготвува и предлага Годишната програма за работа и развој и Годишниот финансиски план на Институтот, ги подготвува годишната сметка и годишниот извештај за работењето на Институтот, ја предлага висината на членарините, ја предлага висината на надоместокот за издавање на лиценци за работа, ја предлага висината на надоместокот за полагање на испит за проверка на знаење на сметководител односно овластен сметководител, ја предлага висината на надоместокот за добивање уверение за овластен сметководител без полагање испит, ја предлага висината на надоместок за полагање испит за признавање на професионална квалификација стекната во странство согласно член 16 од овој закон. Ова тело исто така одлучува за упис и бришење на членовите во регистрите на Институтот, ја предлага годишната програма за континуирано професионално усовршување, ја предлага годишната програма за контрола на работењето на вршителот на сметководствени работи, трговецот поединец-сметководител, трговецот поединец- овластен сметководител и друштвото за вршење сметководствени работи , ја предлага програмата за полагање на испитот за проверка на знаењето на сметководител односно овластен сметководител, ја предлага програмата за одобрување на квалификација за сметководител, односно овластен сметководител стекната во странство, издава и одзема лиценци за работа. Седница на Управниот одбор свикува и со неа раководи претседателот на Управниот одбор. Управниот одбор еднаш годишно до Надзорниот одбор поднесува извештај за своето работење. Претседател на Институтот истовремено е и претседател на Управниот одбор. Претседателот го претставува и застапува Институтот, се грижи Институтот да работи согласно со закон, ги спроведува одлуките на Собранието на Институтот, потпишува налози за исплата од сметката на Институтот, одлучува по приговори по изречени мерки во дисциплинска постапка, ја извршува одлуката донесена во дисциплинска постапка.


Надзорен одбор

Надзорниот одбор го сочинуваат претседател и четири члена со мандат од три години. Членовите на Надзорниот одбор не можат да бидат членови на други органи и комисии на Институтот. Надзорниот одбор одлуките ги донесува со јавно гласање и со мнозинство гласови од присутните членови.

 

Надлежности на Надзорниот одбор:

– периодични контроли на материјалното и финансиското работење на Институтот,
– ги избира и отповикува претседателот и членовите на Управниот одбор по претходно позитивно мислење од Министерот за финансии,
– ја разгледува годишната програма за работа и развој и годишниот финансиски план на Институтот и дава мислење по истата до Собранието,
– ја разгледува годишната сметка и годишниот извештај за работа на Институтот и дава мислење по истата до Собранието.
– го одобрува деловникот за работа на Управниот одбор,
– ги разгледува извештаите за работењето на Управниот одбор,
– врши контрола над работењето на Институтот согласно Закон, Статут и другите акти на Институтот,
– предлага мерки кои треба да бидат преземени за спроведување и отстранување на неправилностите и незаконитостите во работата на Институтот,
– поднесува извештај за своето работење до Собранието на Институтот и до Министерот за финансии заради нивно информирање и
– во случај на отповикување на претседателот и членовите на Управниот одбор, Надзорниот одбор по можност веднаш, а најдоцна во рок од 15 дена од денот на отповикувањето, избира нов претседател и нови членови на Управниот одбор.

 

Собрание

Комисии

Институтот на сметководители и овластени сметководители согласно член 15 од ЗВРС, заради вршење на работите од својот делокруг ги формира следните комисии:

1) Дисциплинска комисија

2) Комисија за стандарди за финансиско известување

3) Комисија за образование, обука и публикации

 

КОНТАКТ ИНФО

Ул.Кеј 13ти ноември кула 2/8 
Скопје (зграда на главна дирекција на ГТЦ)

 

+389 (0)2 3200030

 

Жиро Сметка
Прокредит Банка
380-1771093051-38

 

НЛБ Тутнска Банка
210-0682971602-69

ИСОС © 2022. Сите права задржани.