ЧПП

НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

Кои документи се потребни за стекнување уверение за овластен сметководител?
Потребни документи се:
Потребни документи се:
Потребни документи се:
Потребни документи се:
Заради соодветно книжење на уплатата задолжително во делот на „цел на дознака“да се напише бројот на издаденото уверение.
Доколку кандидатот работното искуство го стекнал во правно лице кое згаснало по сила на закон, работното искуство кандидатот го докажува со Извод од компјутерски запис – образец М1/М2 од пријава/одјава во задолжително социјално осигурување за физичко лице и доказ од Централниот регистар Тековна состојба за избришан субјект за правното лице кое згаснало по сила на закон.
Документите може да се пратат по електронска пошта, но задолжително се доставуваат во оргинал или во копија заверена на нотар и само такви се земаат во предвид при апликација.
Согласно Законот за вршење на сметководствени работи (Сл.весник на РСМ, бр.173 од 01.08.2022 година) задолжително е стекнато бизнис/економско образование со соодветно работно искуство во вршење на сметководствени работи.

Остварените часови КПУ секој член на ИСОС може да ги провери на следниот линк:
https://smetkovoditel.isos.com.mk/login

Обврската за континуирано професионално усовршување врз основа на мирување на статусот на сметководител односно овластен сметководител се намалува и тоа пропорционално намалување во износ од 1/4 од бараниот број на часови, по квартал, за онолку квартали колку што траело мирувањето.
Обврската за плаќање на годишната чланарина врз основа на мирување на статусот на сметководител односно овластен сметководител се намалува и тоа пропорционално намалување во износ од 1/12 од годишната членарина, по месец, за онолку месеци колку што траело мирувањето.
Согласно одредбите член 2 став 1 точка 7 од Законот за високо образование, во поимникот неведено е дека „Диплома“ е јавен документ издаден од високообразовна установа со кој се докажува стекнато високо образование од прв, втор или трет циклус, потребно за продолжување на образованието или за започнување со вршење на соодветна професија.

За технички проблем за најава на веб платформата потребно е да контактирате со
вработените во Институтот преку праќање на меил на info@isos.com.mk и нашите колеги ќе Ви
дадат напаствија за надминување на проблемот.

Согласно член 65 од Законот за вршење на сметководствени работи (Сл.весник на РСМ, бр.173 од 01.08.2022 година) првиот испит за стекнување статус на сметководител односно овластен сметководител, согласно со овој закон, ќе започне да се спроведува во рок од три години од денот на влегувањето во сила на овој закон.
По утврдување на условите и критериумите за полагање на испит за стекнување на статус сметководител односно овластен сметководител, Институтот детално ќе даде информација по однос на оваа прашање со специфицирање точно кои испити ќе бидат прифатени.
Согласно член 36 став 2 точка 1 од Законот за вршење на сметководствени работи (Сл.весник на РСМ, бр.173 од 01.08.2022 година) со остварување на право на пензионирање лицето се брише трајно од соодветниот регистар. Доколку лицето се откаже од правото на пензија и заснова работен однос може да поведе постапка за упис во регистарот согласно член 27 од Законот за вршење на сметководствени работи (Сл.весник на РСМ, бр.173 од 01.08.2022 година).
По издавање на уверение за сметководител и овластен сметководите и упис во регистар, правата и обврските согласно Законот за вршење на сметководствени работи еднакво важат и се применуваат за сите членови на Институтот.
Согласно член 31 став 6 од Законот за вршење на сметководствени работи (Сл.весник на РСМ, бр.173 од 01.08.2022 година) за целите на финансиското известување обврзникот за водење на сметководство може да вработи сметководител и/или овластен сметководител со полно работно време. Обврзниците за водење на сметководство, кои согласно со Законот за трговските друштва се поврзани лица, може да вработат едно исто лице со скратено работно време.
Согласно член 31 став 6 од Законот за вршење на сметководствени работи (Сл.весник на РСМ, бр.173 од 01.08.2022 година) за целите на финансиското известување обврзникот за водење на сметководство може да вработи сметководител и/или овластен сметководител со полно работно време. Обврзниците за водење на сметководство, кои согласно со Законот за трговските друштва се поврзани лица, може да вработат едно исто лице со скратено работно време.

Одлуката на Уставниот суд е укинувачка и согласно член 82 од „Актот на Уставниот Суд
на Република Северна Македонија“ истата има правно дејство од моментот кога е донесена,
односно објавена во Службен весник на Република Северна Македонија.
Оттука, остануваат на сила сите дејствија кои произлегле од Правилникот, а се поврзани со
издадени уверенија за сметководител и овластен сметководител, лиценци за вршење на
сметководствени работи на правни лица и уписи во регистрите на ИСОС.
До донесување на соодветен акт, постапките ќе се спроведуваат согласно Законот за вршење на
сметководствени работи и Статутот на ИСОС.

Правното лице треба да основа подружница со приходна шифра 69.20 согласно националната класификација на дејности-сметководствени, книговодствени и ревизорски работи и даночно советување.
Потврдата се издава за овластеното лице-подносителот на барањето за издавање на лиценца.
Согласно член 35 став 6 од од Законот за вршење на сметководствени работи (Сл.весник на РСМ, бр.173 од 01.08.2022 година), сите физички и правни лица запишани во соодветните регистри се должни да го известат Институтот за сите промени во врска со податоците содржани во Регистарот во рок од 15 дена од денот на настанувањето на промената врз основа на што ќе се направи ажурирање на податоците во регистрите на Институтот и во базата на податоци разменета со Централниот регистар на РСМ.
По подмирување на доспеаната обврска по основ на чланарина согласно член 36 став 1 точка 1 од Законот за вршење на сметководствени работи (Сл.весник на РСМ, бр.173 од 01.08.2022 година) можете да поднесете сопствено барање за бришење од соодветниот регистар при Институтот.
Сметководител односно овластен сметководител може да поднесе барање за упис во соодветниот регистар во Институтот по истекот на периодот за кој е избришан.
:Согласно одредбите од Статутот на Институтот, Институтот доставува до членовите кои не платиле членарина известување со обврска во рок од 8 (осум) дена да ја платат членарината. По истекот на овој рок Институтот ќе покрене постапка за наплата на долг од членот на Институтот. Во случај кога членот на Институтот е избришан од соодветниот регистар, наплатата на долг ќе се бара како од физичко лице. Постапката за наплата на долг е независна од примената на одредбите за бришење од регистарот заради неплаќање члeнарина.
Годишната чланарина се плаќа најдоцна до 15.11 во тековната година.
Од 01.01.2025 година започнува третиот циклус на обуки со примена на одредбите од членот 30 став 1 и 2 од Законот за вршење на сметководствени работи, според кои првата година во која почнува да тече оваа обврска е годината која следи по годината во која сметководителот е впишан во регистарот на сметководители односно во регистарот на овластени сметководители.
Потребно е да се достави писмено барање и кон писменото барање за мирување на уверение да се приложат и докази со кој се докажува мирувањето на работниот однос. При постапување по поединечни писмени барања за мирување поднесени од членовите на Институтот, Управниот одбор ќе ги прифати како основани барањата за мирување кои ги исполнуваат условите за мирување на работен однос и привремена спреченост за работа предвидени во Законот за работните односи и тоа:
Дисциплинската мерка е времено бришење од соодветниот регистар во траење од една година и по истекот на периодот за кој е избришан сметководителот односно овластениот сметководител треба да се поднесе повторно барање за упис во регистар согласно член 27 од Законот за вршење сметководствени работи.
Да поднесете писмено барање до Институтот.
За добивање лиценца за работа, правното лице треба да поднесе барање до Институтот. Барањето го поднесува подносителот на барањето-управителот, кон барањето треба да приложи документацијата согласно член 32 став 2 меѓу кои и уверение за стекнат статус за овластен сметководител на име на подносителот на барањето-управителот како и список на вработени лица – вршители на сметководствени работи, регистарскиот број под кој се запишани во соодветниот регистар на Институтот со назнака на лицата кои имаат право за составување и потпишување на годишна сметка и/или финансиски извештаи.
Институтот е независна, неполитичка и непрофитна организација, во која членуваат сметководители и овластените сметководители, без оглед на нивната национална, верска, расна и друга припадност.

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030
ИСОС © 2023. Сите права задржани.