Средба на претседателката на ИСОС со раководствата на Државниот завод за статистика и Централниот регистар

Во насока на продлабочување на соработката со институциите и натамошно јакнење на сметководствената професија, претседателката на ИСОС оствари поединечни средби со директорот на Државниот завод за статистика, г-дин Дејан Станков и со директорката на Централниот регистар, г-ѓа Анита Стамнова.
 
Средбите претставуваа значајна можност за запознавање со активностите кои ИСОС ги презема за развој на професијата, како и за важноста од натамошна соработка на ИСОС со Државниот завод за статистика и Централниот регистар. На средбите се дискутираше за начините на зајакнување на соработката помеѓу сметководителите и институциите, а со цел унапредување на финансиското известување и усогласување со најновите меѓународни стандарди за финансиско известување.
 
Примената на стандардите, едукацијата, дигитализацијата на административните услуги, како и квалитетот во финансиското известување беа клучни теми на кои се дискутираше на средбите.
ИСОС ја посочи важноста од натамошна взаемна соработка, континуирана едукација и размена на искуства помеѓу сметководителите и претставниците на институциите со цел натамошен развој на финансиското известување.
 
Државен завод за статистика – активност: Состанок со Институтот на сметководители и овластени сметководители
 
Скопје, 19.11.2024
Со почит,
ИСОС

Previous ПРОГРАМА ЗА КОНТИНУИРАНО ПРОФЕСИОНАЛНО УСОВРШУВАЊЕ НОЕМВРИ БР.2/2024 – 4 ЧАСА
Институтот е независна, неполитичка и непрофитна организација, во која членуваат сметководители и овластените сметководители, без оглед на нивната национална, верска, расна и друга припадност.

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030
ИСОС © 2023. Сите права задржани.