Членот на Управниот одбор, Благица Кузмановска и членот на Комисијата за образование,
едукација и публикации при ИСОС, Иван Ѓуровски денеска одржаа стручно предавање на
вебинарот „Како е-фактурирањето може да придонесе кон унапредување на перформансите на
владиниот и бизнис сектор“ во организација на Економскиот факултет Скопје.
Учесниците имаа можност да ги слушнат искуствата и практиките, како и придобивките од
дигиталната трансформација. Исто така, тие имаа прилика да дискутираат со експертите за тоа
кои се предизвиците во процесот на прифаќање на е-фактурирање, но и за значајните
придобивки од имплементација на истото во јавниот и приватниот сектор.
Присутните заклучија дека брзата и целосна имплементација на дигитални решенија во
процесот на финансиско известување ќе придонесе кон намалување на сивата економија, како
и кон зголемена транспарентност на јавниот и корпоративниот сектор во земјата.