Конференцијата „Сметководството во регионот – трендови, предизвици, стандарди и перспективи“ е прва регионална конференција од ваков формат што се организираше во РС Македонија.
На конференцијата под мотото „Во бројките веруваме“ учество земаа над 300 учесници, сметководители, претставници на професионални организации на сметководители и финансиски работници од регионот, претставници на релевантни институции, организации и компании од земјава, како и домашни, регионални и меѓународни експерти во областа на сметководството и финансиите.
Со поздравни обраќања конференцијата ја отворија министерот за финансии г-дин Фатмир Бесими, претседателот на советот за унапредување и надзор на сметководствената професија г-дин Горан Рафајловски и претседателката на Институтот за сметководители и овластени сметководители г-ѓа Весна Прентоска.
Главната цел на конференцијата беше поттикнување на дискусија меѓу релевантните чинители за унапредување и развој на сметководствената професија во земјата, имајќи ги предвид искуствата на земјите во регионот, ставовите и препораките на експертите, претставниците на институциите и на бизнис заедницата.
Една од целите на конференцијата беше да се поттикне и поголема соработка и размена на искуства помеѓу професионалните здруженија на сметководители во регионот и за исполнување на таа цел претходеше регионална средба на здруженијата кои поставија рамка за отпочнување поактивна соработка. Целта е преку соработката да се разменат најдобрите практики, искуства и едукација.
Панел 1
Панел 2
Панел 3
Панел 1
Панел дискусија 1: Патот до членство во Интернационалната федерација на сметководители (IFAC)
На панел дискусијата се дискутираше за обврските на патот до членство во Интернационалната федерација на сметководители (IFAC) и имплементација на меѓународните сметководствени стандарди, како и за придобивките од членството во IFAC. Притоа претставничката на IFAC, Јелена Мисита ги истакна клучните обврски на кои треба да се работи за постигнување на стратешката цел на ИСОС. Панелистите се осврнаа и на активностите кои се спроведуваат во земјата за подигање на сметководствената професија, капацитетите со кои располагаме, како и за подготовката за имплементација на преведените меѓународни сметководствени стандарди.
Панелисти:

- Горан Рафајловски – Претседател на Совет за унапредување и надзор над сметководствената професија
- Јелена Мисита – Претставник на Интернационалната федерација на сметководители (IFAC)
- Весна Прентоска – Претседател на Институт на сметководители и овластени сметководители (ИСОС)
- Сања Лукаревска – Директор на Управа за јавни приходи
- Марија Бошковска-Јанковски – Директор на Централен регистар
- Маја Стевкова Штериева – Претседател на Македонска банкарска асоцијација (МБА)
Панел 2
Панел дискусија 2: Сметководството во регионот
На панел дискусијата беа презентирани искуствата на професионалните здруженија на сметководители од регионот на патот до членство во IFAC, како и искуствата за начинот на имплементација на меѓународните сметководствени стандарди. Исто така беа истакнати придобивките од членството во IFAC, како и неопходноста за унапредување на регионалната соработка. Унапредувањето на регионалната соработка може да биде постигнато преку поголема размена на искуства, едукација и создавање ефективни партнерства беше истакнато на панел дискусијата.

- Весна Прентоска – Претставник на Институт за сметководители и овластени сметководители на РС Македонија
- Зоран Шкобиќ – Сојуз на сметководители и ревизори на Србија
- Сотираќ Дам – Институт на овластени сметководители на Албанија
- Анастасија Бољевиќ – Институт на сертифицирани сметководители на Црна Гора
- Ардиана Буњаку – Здружение на овластени сметководители и ревизори на Косово
- Елма Пестовиќ – Сојуз на сметководители, ревизори и финансиски работници на Федерација Босна и Херцеговина
Панел 3
Панел дискусија 3: Перспективите за натамошен развој на сметководствената професија во РСM
На панел дискусијата беше дискутирано за развојот и унапредувањето на сметководствената професија во земјата односно каде сме и каков потенцијал имаме. Притоа беше дискутирано и за можностите за унапредување на професијата, важноста од воедначено финансиско известување, како и важноста од имплементација на меѓународните сметководствени стандарди за државата и за корпоративниот сектор.

- Марина Трпеска – Професор на Економски факултет, УКИМ – Скопје
- Јетон Мазлами – Член на Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија
- Марија Ефремова – Советник на гувернерот на Народна Банка
- Виктор Мизо – Претседател на Совет на странски инвеститори при Стопанска Комора
- Симон Милошески – професор на Универзитетот „Нијенроде“ – Холандија, координатор на Комитет за превод на ИФРС и генерален менаџер на Метро АД
- Иван Ѓуровски – Сопственик на сметководствено биро