Закон за вршење сметководствени работи

ЗАКОН ЗА ВРШЕЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНИ РАБОТИ

Пречистен текст (Неофицијална верзија)

(„Службен весник на Република Македонија“бр. 95/12, 188/13, 27/14, 154/15, 192/15, 23/16 и 190/16)

 

 

I. ОПШТИ ОДРЕДБИ

Член 1

Со овој закон се уредуваат условите на вршење на сметководствени работи, субјектите кои вршат сметководствени работи, условите за стекнување со статус на сметководител и овластен сметководител, организацијата и работењето на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија, како и други прашања кои се однесуваат на вршењето на сметководствени работи.

 

Дефиниции

Член 2


Одделни поими употребени во овој закон го имаат следново значење:

1 .„Сметководствени работи“ се прибирање и обработка на податоци врз основа на сметководствени документи, подготовка и водeње трговски/деловни книги и составување на годишна сметка и/или финансиски извештаи во согласност со закон,

2. „Обврзник за водење сметководство“ е физичко или правно лице кое има обврска да води трговски/деловни книги и да составува и презентира годишна сметка и/или финансиски извештаи во согласност со закон,

3. „Сметководител“ е физичко лице кое има уверение за сметководител од Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија

и кое е регистрирано во Регистарот на сметководители согласно овој закон,

4. „Овластен сметководител“ е физичко лице кое има уверение за овластен сметководител од Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија и кое е регистрирано во Регистарот на овластени сметководители согласно овој закон,

5. „Испит за проверка на знаење” е испит што го организира и спроведува Институтот за сметководители и овластени сметководители на Република Македонија согласно одредбите од овој закон,

6. „Трговец поединец – сметководител“ е физичко лице кое е регистрирано согласно Законот за трговските друштва за вршење сметководствени работи, има добиено уверение за сметководител и лиценца за работа од Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија и е регистрирано во Регистарот на трговци поединци – сметководители согласно овој закон,

7. „Трговец поединец – овластен сметководител“ е физичко лице кое е регистрирано согласно Законот за трговските друштва за вршење сметководствени работи, има добиено уверение за овластен сметководител и лиценца за работа од Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија

и е регистрирано во Регистарот на трговци поединци - овластени сметководители согласно овој закон,

8. „Друштво за вршење сметководствени работи“ е трговско друштво кое е регистрирано согласно Законот за трговските друштва за вршење сметководствени работи, има добиено лиценца за работа од Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија и е регистрирано во Регистарот на друштва за вршење сметководствени работи согласно овој закон,

9. „Вршител на сметководствени работи“ е сметководител и/или овластен сметководител,

10. „Регистар на сметководители“ е книга за евиденција во која се содржани податоците за сметководителите која се води во Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија,

11. „Регистар на овластени сметководители“ е книга за евиденција во која се содржани податоците за овластените сметководители која се води во Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија,

12.„Регистар на трговци поединци - сметководители“ е книга за евиденција во која се содржани податоците за трговците поединци - сметководители која се води во Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија, 13.„Регистар на трговци поединци - овластени сметководители“ е книга за евиденција во која се содржани податоците за трговците поединци - овластени сметководители која се води во Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија,

14. „Регистар на друштва за вршење сметководствени работи“ е книга за евиденција во која се содржани податоците за друштва за вршење сметководствени работи која се води во Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија,

15. „Дисциплинска повреда“ е непостапување или постапување спротивно на одредбите од овој закон, законите со кои се регулира водењето на сметководството, Кодексот на етика за професионални сметководители на IFAC и актите на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија,

16. „Институт на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија“ е професионално здружение на сметководители и овластени сметководители основано согласно овој закон,

17.„МСФИ“ се Меѓународни стандарди за финансиско известување објавени во „Службен весник на Република Македонија“,

18. „МСФИ за МСС“ е Меѓународен стандард за финансиско известување за мали и средни субјекти објавен во „Службен весник на Република Македонија“,

19. „IFAC“ е Меѓународна федерација на сметководители,

20. „Континуирано професионално усовршување“ е постојано стручно усовршување со цел надградување на теоретските и практичните знаења и вештини заради професионално и ефикасно вршење на сметководствените работи.

Член 3

(1) Сметководствените работи се вршат во согласност со овој закон, Законот за трговските друштва и Законот за сметководството за непрофитните организации.

(2) Вршителот на сметководствени работи е должен да ги почитува Кодексот на етика за професионални сметководители на IFAC и актите на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија.

 

II. ИНСТИТУТ НА СМЕТКОВОДИТЕЛИ И ОВЛАСТЕНИ СМЕТКОВОДИТЕЛИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Член 4

(1) Сметководителите и овластените сметководители на територијата на Република Македонија се организираат во Институт на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија (во понатамошниот текст: Институтот).

(2) Институтот има својство на правно лице. Статусот на правно лице го стекнува со упис во Регистарот на други правни лица кој се води кај Централниот регистар на Република Македонија.

(3) Седиштето на Институтот е во Скопје.

(4) Институтот формира подружници на територијален принцип за една или повеќе единици на локална самоуправа. Подружниците немаат својство на правно лице.

(5) Работите во врска со работењето на Институтот ги врши стручна служба на Институтот. Со стручната служба раководи секретар избран преку јавен оглас.

(6) Институтот има статут. Со статутот на Институтот особено се уредува: организацијата, управувањето, работењето, финансирањето и претставувањето на членовите во Собранието.

Член 5

(1) Органи на Институтот се Собрание, Надзорен одбор, Управен одбор и Претседател.

(2) Заради вршење на работите од својот делокруг Институтот формира дисциплинска комисија, а може да формира и други постојани и времени комисии утврдени со статутот на Институтот.

(3) Членовите на органите и комисиите се избираат од редот на членовите на Институтот.

Член 6

(1) Институтот особено ги врши следниве работи:

1) води Регистар на сметководители, Регистар на овластени сметководители, Регистар на трговци поединци-сметководители, Регистар на трговци - поединци овластени сметководители и Регистар на друштва за вршење сметководствени работи,

2) врши контрола на работењето на вршителите на сметководствени работи, трговците поединци - сметководители и трговците поединци - овластени сметководители и друштвата за вршење сметководствени работи,

3) организира и спроведува испит за проверка на знаење за сметководител односно овластен сметководител,

4) издава уверение за сметководител и уверение за овластен сметководител,

5) издава и одзема лиценци за работа на трговците поединци – сметководители, трговците поединци - овластени сметководители и друштвата за вршење сметководствени работи,

6) одлучува по барањата за одобрување на квалификација за сметководител односно овластен сметководител стекната во странство,

7) организира и спроведува испит одобрување на квалификација за сметководител односно овластен сметководител стекната во странство,

8) организира и спроведува обука за континуирано професионално усовршување,

9) ја следи примената на Кодексот на етика за професионални сметководители на

IFAC,

10) ги преведува МСФИ и МСФИ за МСС,

11) соработува со други соодветни професионални тела во Република Македонија

и во странство и

12) врши други работи утврдени со овој закон.

Член 7

(1) Собранието на Институтот го сочинуваат сите сметководители и овластените сметководители. Во Собранието сметководителите и овластените сметководители ги претставуваат избрани претставници од подружниците на Институтот.

(2) Собранието на Институтот:

1) го донесува статутот на Институтот ,

2) ја утврдува висината на членарините,

3) ја утврдува висината на надоместоците за издавање на лиценци за работа,

4) ја донесува програмата за полагање на испит за проверка на знаење на сметководител односно овластен сметководител,

5) ја донесува програмата за одобрување на квалификација за сметководител односно овластен сметководител стекната во странство,

6) ја утврдува висината на надоместокот за полагање на испит за проверка на знаење на сметководител односно овластен сметководител,

7) ја утврдува висината на надоместокот за издавање уверение за овластен сметководител без полагање испит,

8) ја утврдува висината на надоместок за полагање испит за признавање на професионална квалификација стекната во странство,

9) ги избира и отповикува претседателот и членовите на Надзорниот одбор и на комисиите,

10) ја донесува годишната програма за континуирано професионално усовршување,

11) го утврдува надоместокот за континуирано професионално усовршување,

12) ја донесува годишната програма за контрола на работењето на вршителот на сметководствени работи, трговецот поединец-сметководител, трговецот поединец-овластен сметководител и друштвото за вршење сметководствени работи ,

13) ја донесува годишната програма за работа и развој и годишниот финансиски план на Институтот,

14) ги усвојува годишната сметка и годишниот извештајот за работа на Институтот,

15) одлучува за формирање и престанок на подружниците на Институтот,

16) го донесува актот со кој се утврдува висината на платите за вработените во стручната служба и

17) одлучува за други прашања согласно овој закон.

(3) Министерството за финансии дава согласност на актите од став (2) точки 1), 2), 4), 5), 10), 12), 13) и 14) од овој член.

(4) Институтот ги утврдува надоместоците од ставот (2) точки 3), 6), 7), 8) и 11) на овој член со тарифник врз основа на реално направените трошоци.

(5) Владата на Република Македонија дава согласност на тарифникот од ставот (4) на овој член.

(6) Собранието ги избира претседателот и членовите на Надзорниот одбор и на комисиите по пат на јавен оглас и по претходно добиено позитивно мислење од министерот за финансии.

(7) Во случај на отповикување на претседателот и членовите на Надзорниот одбор Собранието по можност веднаш, а најдоцна во рок од 30 дена од денот на отповикувањето избира нов претседател и нови членови на Надзорниот одбор.

(8) Актите на Собранието се објавуваат на интернет страницата на Институтот наредниот ден од денот на усвојување односно донесување.

(9) Работата на Собранието се уредува со деловник за работа.

Член 8

(1) Собранието на Институтот редовно се состанува еднаш годишно, и тоа најдоцна до 31 март. Седниците на Собранието се одржуваат доколку присуствуваат најмалку половина од вкупниот број на избрани претставници од подружниците на Институтот. Одлуките Собранието ги носи со просто мнозинство од присутниот број на членови на седницата.

(2) Седниците на Собранието ги свикува Претседателот на Институтот врз основа на одлука на Управниот одбор или на писмено барање на најмалку една половина од избраните претставници од подружниците на Собранието на Институтот.

(3) Претседателот на Институтот ќе свика седница на Собранието во рок од 30 дена од донесувањето на одлуката на Управниот одбор, односно од поднесеното писмено барање на избраните претставници од подружниците на Собранието.

(4) Доколку Претседателот на Институтот не свика седница на Собранието во рокот утврден во став (3) на овој член, седницата ќе ја свика претседателот на Надзорниот одбор во рок од седум дена по истекот на рокот од став (3) на овој член.

(5) Доколку претседателот на Надзорниот одбор не свика седница на Собранието во рокот од став (4) на овој член, седницата ќе ја свика министерот за финансии. Седницата ја води работно претседателство од три члена избрани од присутните членови на седницата на Собранието.

Член 9

(1) Надзорниот одбор го сочинуваат претседател и четири члена со мандат од три години.

(2) Членовите на Надзорниот одбор не можат да бидат членови на други органи и комисии на Институтот.

(3) Седниците на Надзорниот одбор ги свикува и со нив претседава претседателот на Надзорниот одбор.

(4) Доколку претседателот на Надзорниот одбор од кои било причини не е во можност да ја врши функцијата или е отсутен, со состаноците на Надзорниот одбор претседава член на Надзорниот одбор избран со мнозинство гласови на присутните членови на Надзорниот одбор.

(5) Надзорниот одбор одлуките ги донесува со јавно гласање и со мнозинство гласови од присутните членови.

(6) Надзорниот одбор на Институтот:

1) врши периодични контроли на материјалното и финансиското работење на Институтот,

2) ги избира и отповикува претседателот и членовите на Управниот одбор по претходно позитивно мислење од министерот за финансии,

3) ја разгледува годишната програма за работа и развој и годишниот финансиски план на Институтот и дава мислење по истата до Собранието,

4) ја разгледува годишната сметка и годишниот извештај за работа на Институтот

и дава мислење по истата до собранието.

5) го одобрува деловникот за работа на Управниот одбор,

6) ги разгледува извештаите за работењето на Управниот одбор,

7) врши контрола над работењето на Институтот согласно закон, статутот и другите акти на Институтот,

8)предлага мерки кои треба да бидат преземени за спроведување и отстранување на неправилностите и незаконитостите во работата на Институтот,

9) поднесува извештај за своето работење до Собранието на Институтот и до министерот за финансии заради нивно информирање и

10) врши други работи согласно овој закон.

(7) Во случај на отповикување на претседателот и членовите на Управниот одбор, Надзорниот одбор по можност веднаш, а најдоцна во рок од 15 дена од денот на отповикувањето избира нов претседател и нови членови на Управниот одбор.

Член 10

(1) Со Институтот управува Управен одбор.

(2) Управниот одбор го сочинуваат претседател и четири члена со мандат од пет години.

(3) Управниот одбор на Институтот:

1) ги подготвува и предлага Годишната програма за работа и развој и Годишниот финансиски план на Институтот,

2) ги подготвува годишната сметка и годишниот извештај за работењето на Институтот,

3) ја предлага висината на членарините,

4) ја предлага висината на надоместокот за издавање на лиценци за работа,

5) ја предлага висината на надоместокот за полагање на испит за проверка на знаење на сметководител односно овластен сметководител,

6) ја предлага висината на надоместокот за добивање уверение за овластен сметководител без полагање испит,

7) ја предлага висината на надоместок за полагање испит за признавање на професионална квалификација стекната во странство согласно член 16 од овој закон,

8) одлучува за упис и бришење на членовите во регистрите на Институтот,

9) ја предлага годишната програма за континуирано професионално усовршување,

10) ја предлага годишната програма за контрола на работењето на вршителот на сметководствени работи, трговецот поединец-сметководител, трговецот поединец-овластен сметководител и друштвото за вршење сметководствени работи ,

11) ја предлага програмата за полагање на испитот за роверка на знаењето на сметководител односно овластен сметководител,

12) ја предлага програмата за одобрување на квалификација за сметководител односно овластен сметководител стекната во странство,

13) ги разгледува извештаите од извршената контрола на работењето на вршителот на сметководствени работи, трговецот поединец-сметководител, трговецот поединец-овластен сметководител и друштвото за вршење сметководствени работи и покренува дисциплинска постапка или поднесува барање за поведување прекршочна постапка до надлежен суд,

14) издава и одзема лиценци за работа,

15) ги предлага членовите на комисиите,

16) го предлага актот со кој се утврдува висината на платите за вработените во стручната служба на Институтот,

17) одлучува за прием на донации,

18) се грижи за наплата на членарините,

19) ги извршува одлуките на Собранието на Институтот,

20) го донесува етичкиот кодекс на Институтот,

21) дава предлози и соработува со надлежните институции во врска со прописите од областа на сметководството и

22) врши други работи согласно овој закон.

(4) Седница на Управниот одбор свикува и со неа раководи претседателот на Управниот одбор. Седница на Управниот одбор може да се свика и на барање на мнозинство од вкупниот број членови на Управниот одбор.

(5) За полноважност на одлуките на Управниот одбор потребно е на седницата да присуствуваат најмалку две третини од вкупниот број членови на Управниот одбор. Одлуките се донесуваат со мнозинство гласови од присутните членови на Управниот одбор.

(6) Во случај на спреченост на претседателот неговите должности ги врши најстариот член на Управниот одбор.

(7) Одлуките на Управниот одбор се објавуваат на интернет страницата на Институтот.

(8) Управниот одбор еднаш годишно до Надзорниот одбор поднесува извештај за своето работење.

Член 11

(1) Претседателот на Институтот истовремено е и претседател на Управниот одбор.

(2) Претседателот на Институтот:

1) го претставува и застапува Институтот,

2) се грижи Институтот да работи согласно со закон,

3) ги спроведува одлуките на Собранието на Институтот,

4) потпишува налози за исплата од сметката на Институтот,

5) одлучува по приговори по изречени мерки во дисциплинска постапка,

6) ја извршува одлуката донесена во дисциплинска постапка и

7) врши други работи предвидени со овој закон.

(3) За претседател на Институтот може да биде избрано лице кое ги исполнува следните услови:

1) има звање овластен сметководител; 2)има најмалку пет години работно искуство во вршење на сметководствени работи и 3) е државјанин на Република Македонија.

(4) Мандатот на претседателот е пет години.

(5) Предлог за отповикување на Претседателот на Институтот до Надзорниот одбор поднесува најмалку половина од членовите на Управниот одбор или една половина од избраните претставници од подружниците на Собранието на Институтот.

Член 12

Регистарот на сметководителите, Регистарот на овластените сметководители, Регистарот на трговците поединци-сметководители, Регистарот на трговците поединци-овластени сметководители и Регистарот на друштвата за вршење сметководствени работи се чуваат трајно, а документите во врска со работењето на Институтот се чуваат десет години.

Член 13

(1) Институтот средствата за финансирање на своето работење ги обезбедува од следните извори:

1) годишни членарини од вршители на сметководствени работи,

2) надоместоци за издавање на лиценци за работа,

3)надоместоци за полагање испит за проверка на знаењето за сметководител и овластен сметководител,

4) надоместоци за издавање уверенија за овластен сметководител без полагање испит согласно член 16 од овој закон,

5) надоместоци за полагање испит за признавање на професионална квалификација стекната во странство,

6) надоместоци од спроведување на континуираното професионално усовршување,

7) приходи од продажба на стручни публикации,

8) донации и

9)наплатени парични казни за изречени дисциплински мерки.

(2) Надоместоците од став (1) точки 2), 3), 4), 5) и 6) од овој член ќе се утврдат согласно реално направените трошоци за печатење и издавање на лиценците за работа, уверенијата за овластен сметководител без полагање на испит, за организирање на полагањето на испит за проверка на знаењето на сметководител и овластен сметководител.

(3) Институтот обезбедените средства од став (1) на овој член ги користи согласно годишниот финансиски план.

(4) Нереализираните средства од годишниот финансиски план за тековната години се пренесуваат во годишниот финансиски план за наредната година.

 

III. НАЧИН НА СТЕКНУВАЊЕ СО СТАТУС НА СМЕТКОВОДИТЕЛ И ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ И КОНТИНУИРАНО ПРОФЕСИОНАЛНО УСОВРШУВАЊЕ

Член 14

Со статус на сметководител или овластен сметководител се стекнува лице кое ги исполнило условите од членовите 15 и 16 од овој закон и се стекнало со трајно уверение за сметководител, односно овластен сметководител од Институтот.

Член 15

(1) Лицето кое сака да се стекне со статус на сметководител или овластен сметководител до Институтот поднесува писмено барање за стекнување на уверение за сметководител, односно овластен сметководител.

(2) Кон барањето за стекнување уверение за сметководител задолжително се доставува:

1) доказ (уверение) за завршено средно економско образование и потврда од работодавач за работно искуство од најмалку три години од областа на сметководството, или

2) доказ (уверение) за завршено тригодишно високо образование од областа на економијата или бизнисот, односно завршени студии според Болоњската декларација и има 180 кредити според европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС) и потврда од работодавач за работно искуство од најмалку две години од областа на сметководството, или

3) (доказ) уверение за завршено четиригодишно високо образование (VII/1 степен) од областа на економијата или бизнисот, односно завршени студии според Болоњската декларација и има 240 кредити според европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС) и потврда од работодавач за работно искуство од најмалку една години од областа на сметководството и

4) доказ за уплата на надоместокот за добивање трајно уверение за сметководител.

(3) Кон барањето за стекнување уверение за овластен сметководител задолжително се доставува:

1) уверение за завршено четиригодишно високо образование (VII/1 степен) од областа на економијата или бизнисот, односно завршени студии според Болоњската декларација и има 240 кредити според европскиот кредит-трансфер систем (ЕКТС),

2) потврда од работодавач за работно искуство од најмалку три години од областа на сметководството и

3) доказ за уплата на надоместокот за добивање уверение за овластен сметководител.

(4) Документите од ставовите (2) и (3) на овој член се доставуваат во оригинал или во копија заверена на нотар.

(5) На лицето кое ги исполнува условите од ставот (2), односно ставот (3) од овој член, Институтот му издава уверение за сметководител односно за овластен сметководител во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето.

(6) Формата и содржината на барањето од став (1) на овој член како и формата и содржината на уверението за сметководител односно овластен сметководител ги пропишува министерот за финансии.

Членовите 15-а, 15-б, 15-в, 15-г, 15-д, 15-ѓ, 15-е, 15-ж, 15-з, 15-ѕ, 15-и, 15-ј, 15-к, 15-л, 15-љ, 15-м, 15-н, 15-њ, 15-о, 15-п и 15-р се бришат (Член 10 од Законот за изменување и дополнување на Законот за вршење на сметководствени работи објавен во „Службен весник на Република Македонија” бр. 190/16).



Член 16

(1) Лице кое добило лиценца за овластен ревизор може да се стекне со статус на овластен сметководител на начин и услови утврдени со овој закон.

(2) Лицето од став (1) на овој член за стекнување на статус овластен сметководител до Институтот е должно да достави барање и:

1)лиценца за овластен ревизор во оригинал или копија заверена на нотар и 2)доказ за платен надоместок за издавање уверение за овластен сметководител.

(3) Институтот на лицето од став (1) на овој член му издава уверение за овластен сметководител во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето.

(4) Овластениот ревизор кој стекнал уверение за овластен сметководител не може кај едно правно лице истовремено да врши работи на овластен сметководител и на овластен ревизор.

Член 17

(1) Сметководствени работи во Република Македонија може да врши и лице, државјанин на Република Македонија кое има стекнато квалификација за сметководител односно овластен сметководител во странство доколку:

1) професионалната квалификација стекната во странство е соодветна на професионалната квалификација стекната согласно овој закон и

2) успешно го положи испитот спроведен од Институтот со кој се обезбедува дека има адекватно знаење од областа на законската регулатива во Република Македонија релевантна за вршење на сметководствени работи.

(2) Лицето од став (1) на овој член барањето и потребната документација за

стекнување со статус на сметководител односно овластен сметководител ги доставува до Институтот, а ги одобрува Управниот одбор на Институтот.

(3) Кон барањето од став (2) на овој член се приложуваат следните документи:

1) диплома за завршено образование и

2)документ издаден од надлежен орган за професионалната квалификација на лицето и

3) доказ за уплатен надоместок за полагање на испит за признавање на професионална квалификација стекната во странство.

(4) Документите од став (3) на овој член лицето ги доставува во оригинал или копија заверена на нотар односно во нотарски заверен превод.

(5) Институтот во случај на неуредно или нецелосно доставено барање има обврска во рок од пет дена по приемот на барањето да го извести лицето за неуредноста или нецелосноста на барањето, а по потреба може да побара и дополнителни докази.

(6) Во текот на постапката Институтот може да побара мислење од надлежната комора или друг професионален орган или организација во државата во која ја стекнал професионалната квалификација во врска со поднесеното барање.

(7) Мислењето добиено од комората или друг професионален орган или организација не е задолжително за Институтот.

(8) Доколку барањето на лицето е уредно и целосно и доколку лицето ги исполни условите од став (1) на овој член Институтот му издава уверение за сметководител или овластен сметководител и го запишува во соодветниот регистар.

Член 18


(1)Лицето кое добило уверение за сметководител односно овластен сметководител стекнува право за вршење сметководствени работи со уписот во Регистарот на сметководители односно Регистарот на овластени сметководители.

(2) Уписот во регистрите од став (1) на овој член врши Институтот врз основа на барање поднесено на пропишан образец кон кое задолжително се приложуваат следните документи:

1) уверение за сметководител односно овластен сметководител во копија, 2) потврда од Централен Регистар на Република Македонија дека не му е

изречена мерка забрана за вршење на професија, дејност или должност, во оригинал или копија заверена на нотар и

3) доказ за уплата на членарина.

(3) Документот од ставот (2) точка 1) на овој член се обезбедува од евиденцијата на Институтот.

(4) Овластеното службено лице од Институтот кое ја води постапката за упис во регистрите од ставот (1) на овој член е должно документот од ставот (2) точка 2) на овој член по службена должност да го побара од Централниот регистар на Република Македонија во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето.

(5) Овластеното службено лице од Централниот регистар на Република Македонија од кого е побаран документот е должно истиот да го достави до Институтот во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето од ставот (3) на овој член.

(6) Институтот е должен да го изврши уписот во регистарот од став (1) на овој член во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето.

(7) Формата и содржината на барањето од став (2) на овој член ја пропишува министерот за финансии.

(8) Лицето од став (1) на овој член барањето за упис во регистарот го поднесува во рок од 60 дена од денот на стекнување на уверението за сметководител односно овластен сметководител, во спротивност истото го губи правото на упис во регистарот.

Член 19

(1) Заради надградување на знаењето во областа на сметководството сметководителите се должни да посетат обука за континуирано професионално усовршување од најмалку 90 часа за период од три години, при што најмалку 20 часа во текот на една година.

(2) Заради надградување на знаењето во областа на сметководството овластените сметководители се должни да посетат обука за континуирано професионално усовршување од најмалку 120 часа за период од три години, при што најмалку 30 часа во текот на една година.

(3) Обуката од ставовите (1) и (2) на овој член ја организира и спроведува Институтот во соработка со други правни лица кои спроведуваат стручно усовршување

и едукација од областа на сметководството, финансиите или даноците и физички лица со соодветни квалификации од наведените области.

(4) Поблиските критериуми за избор на правните и физичките лица од став (3) на овој член ги утврдува Институтот.


Член 19-а

(1) По завршување на обуките од член 19 ставови (1) и (2) на овој закон, сметководителот, односно овластениот сметководител полага испит за проверка на знаењето.

(2) Испитот од став (1) на овој член го организира Институтот најмалку еднаш годишно, а го спроведува Комисија за спроведување на испитот составена од:

1) две лица предложени од министерот за финансии, 2) еден универзитетски професор од областа на економијата или бизнисот избран

од Институтот по пат на јавен оглас и 3) претседателот на Институтот и еден член од Управниот одбор на Институтот.

(3) Испитот се полага писмено во форма на тест со испитни прашања и вежби (примери на случај) подготвени врз основа на градивото од обуката за континуирано професионално усовршување. Секое прашање и вежба носи одреден број поени.

(4) Комисијата од став (2) на овој член ги подготвуваат испитните прашања и вежби, ги утврдуваат поените и ги оценуваат тестовите.

(5) Испитот се смета за положен доколку се постигнат 70% од можните поени.

(6) Начинот на спроведување и полагање на испитот поблиску ја пропишува Институтот.

Член 19-б

(1) Сметководителот односно овластениот сметководител кој нема да го положи испитот за проверка на знаењето се брише од регистарот во кој е запишан.

(2) Доколку лицето од ставот (1) на овој член го положи испитот во следните две години, може да поднесе барање за повторно запишување во соодветниот регистар.

(3) Институтот го одзема уверението на сметководител односно овластен сметководител доколку не го положи испитот во рокот од став (2) на овој член.

(4) Лицето од став (3) на овој член не може да поднесе барање за добивање уверение во согласност со овој закон во следните три години.

 

IV.ВРШЕЊЕ СМЕТКОВОДСТВЕНИ РАБОТИ

Член 20

(1) Сметководствени работи врши сметководител и/или овластен сметководител кој добил уверение од Институтот и е регистриран во соодветниот регистар на Институтот.

(2) Сметководителот води трговски/деловни книги за сите обврзници за водење на сметководство и составува и потпишува годишна сметка за трговци поединци и здруженија и фондации.

(3) Овластениот сметководител води трговски/деловни книги и/или составува и потпишува годишна сметка и/или финансиски извештаи за сите обврзници за водење на сметководство.

(4) За вршење на сметководствени работи за свои потреби обврзникот за водење сметководство може да вработи сметководител и/или овластен сметководител или со договор за вршење на сметководствени работи да ангажира трговец поединец – сметководител, трговец-поединец овластен сметководител или друштво за вршење на

сметководствени работи.

(5) Трговец поединец – сметководител врши сметководствени работи за трговци поединци и здруженија и фондации.

(6) Трговец поединец - овластен сметководител врши сметководствени работи за трговци поединци, здруженија и фондации и други непрофитни организации и друштва со ограничена одговорност.

(7) Друштво за вршење на сметководствени работи врши сметководствени работи за сите обврзници за водење на сметководство.

(8) Друштвото за вршење сметководствени работи мора да има вработено најмалку еден сметководител и еден овластен сметководител.

Член 21

(1) Трговецот поединец-сметководител, трговецот поединец-овластен сметководител и друштвото за вршење сметководствени работи може да врши сметководствени работи по добивање на лиценца за работа од Институтот и запишување во соодветниот регистар.

(2) За добивање лиценца за работа субјектите од став (1) на овој член до Институтот поднесуваат барање на пропишан образец. Кон барањето задолжително се приложуваат следните документи:

1) решение за упис во Трговскиот регистар кај Централниот регистар на Република Македонија,

2) список на лица вработени како сметководители и овластени сметководители со регистарски број под кој се запишани во соодветниот регистар кај Институтот,

3) потврда од Централен регистар на Република Македонија дека не е евидентиран во Регистарот на физички и правни лица на кои им е изречена санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност и привремена забрана за вршење на одделна дејност,

4) потврда од Централниот регистар на Република Македонија дека не е евидентиран во Регистарот на споредни казни за сторени кривични дела на правни лица кај Централниот регистар на Република Македонија,

5) доказ за годишно осигурување од штета при вршење на професионална дејност (сметководствени работи), и тоа:

-за трговец поединец-сметководител на износ од минимум 2.000 евра во денарска противвредност по штетен настан,

-за трговец поединец-овластен сметководител на износ од минимум 5.000 евра во денарска противвредност по штетен настан и

-за друштво за вршење сметководствени работи на износ од минимум 20.000 евра во денарска противвредност по штетен настан и

6) доказ за уплатен надоместок за издавање лиценца за работа.

(3) Овластеното службено лице од Институтот кое ја води постапката за издавање на лиценца за работа на трговец поединец-сметководител, трговец поединец-овластен сметководител и друштво за вршење на сметководствени работи е должно документите од ставот (2) точки 1), 3) и 4) на овој член по службена должност да ги побара од Централниот регистар на Република Македонија во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето.

(4) Овластеното службено лице од Централниот регистар на Република Македонија од кого се побарани документите е должно истите да ги достави до

Институтот во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето од ставот (3) на овој член.

(5) Документите од став (2) на овој член се доставуваат во оригинал или во копија заверена на нотар.

(6) Институтот е должен да издаде лиценца во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето.

(7) Институтот со решение го одбива барањето за издавање лиценца доколку барањето е некомплетно или не се исполнети условите од став (2) на овој член и член 20 став (8) од овој закон. Решението со кое се одбива барањето мора да биде образложено.

(8) Против решението од став (7) на овој член трговецот поединец-сметководител, трговецот поединец-овластен сметководител и друштвото за вршење сметководствени работи може да поведат управен спор пред надлежен суд во рок од 30 дена од приемот на решението.

(9) Формата и содржината на лиценцата за работа од став (1) на овој член и на барањето од став (2) на овој член ги пропишува министерот за финансии.

Член 22

(1) Упис во регистарот на трговци поединци-сметководители, регистарот на трговци поединци-овластени сметководители и регистарот на друштва за вршење сметководствени работи врши Институтот врз основа на барање на пропишан образец.

(2) Институтот е должен да го изврши уписот во соодветниот регистар од став (1) на овој член во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето.

(3) Формата и содржината на барањето од став (1) на овој член ја пропишува министерот за финансии.

Член 23


Трговецот поединец-сметководител, трговецот поединец-овластен сметководител и друштвото за вршење сметководствени работи се должни најдоцна до 31 јануари во тековната година да му достават на Институтот список на лица вработени како сметководители и овластени сметководители со регистарски број под кој се запишани во соoдветниот регистар кај Институтот и доказ за годишно осигурување од штета при вршење на професионална дејност во износ утврден во член 21 став (2) точка 5) од овој закон.

Член 24

(1) Институтот со решение ја одзема лиценцата на трговецот поединец-сметководител, трговецот поединец-овластен сметководител и друштвото за вршење сметководствени работи ако:

1) лиценцата е издадена врз основа на неточни податоци, 2) повеќе не се исполнети условите врз основа на кои е издадена лиценцата,

3) е покрената стечајна постапка или се спроведува ликвидација на друштвото и 4) трајно се избрише од соодветниот регистар.

(2) Против решението од став (1) на овој член трговецот поединец-сметководител, трговецот поединец-овластен сметководител и друштвото за вршење сметководствени работи може да поведат управен спор пред надлежен суд во рок од 30 дена од приемот на решението.

Член 25

(1) За вршење на сметководствени работи се склучува договор во писмена форма со кој се уредуваат меѓусебните права и обврски меѓу обврзникот за водење сметководство и трговецот поединец односно друштвото за вршење сметководствени работи.

(2) Трговецот поединец односно друштвото за вршење сметководствени работи не смее договорените работи да ги отстапи на друг трговец поединец односно друштво за вршење сметководствени работи.

Член 26


Сметководителот односно овластениот сметководител е должен да ја чува класифицираната информација со соодветен степен на тајност која ја дознал во текот на вршењето на сметководствените работи согласно Законот за класифицирани информации, како и да ги заштити личните податоци кои ги дознал во текот на вршењето на сметководствените работи согласно Законот за заштита на личните податоци.

Член 27


Сметководствени работи може да врши и странско физичко или правно лице од државите членки на Европската унија кое ги исполнува условите за вршење сметководствени работи во земјата во која е регистрирано.

Член 28

(1) Сметководителот, овластениот сметководител, трговецот поединец-сметководител, трговецот поединец-овластен сметководител односно друштвото за вршење сметководствени работи се независни и самостојни во вршењето на сметководствените работи.

(2) Сметководствени работи не може да врши:

1) сметководител односно овластен сметководител кој е со над 2% од акциите со право на глас односно влоговите кај обврзникот за водење сметководство,

2) трговец поединец-сметководител, трговец поединец-овластен сметководител односно друштво за вршење сметководствени работи кој е акционер или вложувач со над 2% од акциите со право на глас односно влоговите кај обврзникот за водење сметководство.

 

V. РЕГИСТРИ

Член 29

(1) Институтот води Регистар на сметководители, Регистар на овластени сметководители, Регистар на трговци поединци - сметководители, Регистар на трговци - поединци овластени сметководители и Регистар на друштва за вршење сметководствени работи согласно Законот за општата управна постапка.

(2) Регистарот на сметководители и Регистарот на овластени сметководители, особено ги содржи следниве податоци:

1) име и презиме и регистарски број на сметководителот односно овластениот сметководител,

2) датум на упис во регистарот,

3)назив, седиштето и контакт податоци на правниот субјект каде е вработен сметководителот односно овластениот сметководител и

4) изречени дисциплински мерки.

(3) Регистарот на трговци поединци - сметководители, Регистарот на трговци поединци - овластени сметководители и Регистарот на друштва за вршење сметководствени работи, особено ги содржи следниве податоци:

1) назив, седиште, контакт податоци и регистарски број на трговецот поединец - сметководител, трговецот поединец - овластен сметководител и друштвото за вршење сметководствени работи,

2) датум на упис во регистарот и

3) изречени дисциплински мерки.

(4) Сметководителот, овластениот сметководител, трговецот поединец - сметководител, трговецот поединец - овластен сметководител и друштвото за вршење сметководствени работи се должни да го известат Институтот за сите промени во врска со податоците содржани во регистарот во рок од 15 дена од денот на настанувањето на промената.

(5) Институтот податоците од регистрите од став (1) на овој член ги објавува на својата веб страница, и истите континуирано ги ажурира.

Член 30

(1) Сметководителот односно овластениот сметководител се брише од соодветниот регистар:

1) на сопствено барање,

2) доколку при уписот во регистарот дал невистините податоци,

3) доколку лицето не го положи испитот за проверка на знаење од член 19-а,

4) доколку не ја плати годишната членарина,

5) Одредбата е укината со Одлука на Уставниот суд на Република Македонија бр.141/12 „Службен весник на Република Македонија“ бр.102/13,

6)доколку му се изрече прекршочна санкција забрана за вршење на професија или дејност,

7)ако му е одземена деловната способност и 8)во случај на смрт на сметководителот односно овластениот сметководител.

(2) Со бришење од регистарот сметководителот односно овластениот сметководител го губи правото за вршење на сметководствени работи, и тоа:

1) трајно во случаите од став (1) точки 1), 2) и 7) на овој член, 2) за период од три години во случаите од став (1) точки 3) и 4) на овој член и

3) за периодот додека траат правните последици на судската пресуда односно додека трае забраната во случајот од став (1) точки 5) и 6).

(3) Одредбите од став (1) точки 3) и 4) и став (2) точка 2) од овој член нема да се применуваат доколку сметководителот или овластениот сметководител биде избран или именуван на јавна функција за периодот додека му трае мандатот.

(4) За бришење од соодветниот регистар Управниот одбор на Институтот донесува решение, кое треба да биде образложено.

(5) Против решението од став (4) на овој член сметководителот односно овластениот сметководител може да поведат управен спор пред надлежен суд во рок од 30 дена од приемот на решението.



Член 31

(1) Трговецот поединец – сметководител, трговецот поединец - овластен сметководител и друштвото за вршење сметководствени работи се брише од соодветниот регистар:

1) на сопствено барање,

2) со одземање на лиценцата за работа и

3) доколку е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија или

дејност.

(2) Со бришење од регистарот трговецот поединец – сметководител, трговецот поединец - овластен сметководител и друштвото за вршење сметководствени работи го губи правото за вршење на сметководствени работи, и тоа:

1) трајно во случаите од став (1) точки 1) и 2) на овој член и 2)за периодот додека трае забраната во случајот од став (1) точка 3) на овој член.

(3)За бришење од соодветниот регистар Управниот одбор донесува решение, кое треба да биде образложено.

(4)Против решението од став (3) на овој член трговецот поединец-сметководител, трговецот поединец-овластен сметководител и друштвото за вршење сметководствени работи може да поведат управен спор пред надлежен суд во рок од 30 дена од приемот на решението.

(5) За бришење на трговецот поединец – сметководител, трговецот поединец - овластен сметководител и друштвото за вршење сметководствени работи од соодветниот регистар Управниот одбор по службена должност го известува Централниот регистар на Република Македонија.

 

VI. ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА

Член 32

(1) Дисциплинска постапка води дисциплинска комисија.

(2) Дисциплинската комисија е составена од пет члена со мандат од две години.

(3) Дисциплинска постапка против вршител на сметководствени работи се поведува на барање на Управниот одбор или по поднесена пријава од член на Институтот, освен од членовите на дисциплинската комисија, државен орган, правниот субјект каде е вработен сметководителот односно овластениот сметководител, како и други физички и правни лица за кои сметководителот односно овластениот сметководител вршел сметководствени работи.

(4) За сторена дисциплинска повреда на вршител на сметководствени работи дисциплинската комисија може да му ги изрече следниве дисциплински мерки:

1) јавна опомена,

2) парична казна,

3) времено бришење од соодветниот регистар на Институтот и

4) трајно бришење од соодветниот регистар на Институтот.

Член 33


Дисциплинската мерка јавна опомена ќе му се изрече на сметководител односно овластен сметководител, ако:

1) не ги чува на соодветен и правилен начин трговските/деловните книги и останатата сметководствена документација утврдена со закон, 2) не присуствува на седниците на органите на подружницата на Институтот и/или на седниците на органите на Институтот без писмено оправдание или претходна најава,

3) со своето однесување го нарушува угледот на сметководствената професија и

4) одбива или несовесно ги исполнува обврските определени со статутот и актите на Институтот.

Член 34


Дисциплинската мерка парична казна во висина на една просечна месечна нето плата исплатена по вработен во Република Македонија за месецот во кој е изречена дисциплинската мерка, ќе му се изрече на сметководителот односно овластениот сметководител кој ќе ја повтори повредата за која претходно му била изречена дисциплинска мерка јавна опомена.

Член 35


Дисциплинската мерка времено бришење од соодветниот регистар во траење од три години ќе му се изрече на сметководител односно овластен сметководител, ако:

1) не ја почитува обврската за континуирано професионално усовршување во согласност со овој закон,

2) не го извести Институтот за сите промени во врска со податоците содржани во соодветниот регистарот во согласност со овој закон и

3) предизвика материјална штета на субјектот каде е вработен при вршењето на сметководствените работи.

Член 36


Дисциплинската мерка трајно бришење од соодветниот регистар ќе му се изрече на сметководител односно овластен сметководител за:

1) повреда на пропис за водење сметководство со што сериозно се загрозува објективноста на трговските/деловните книги кои ги води односно на годишната сметка и/или финансиските извештаи,

2) вршење сметководствени работи за времетраењето на временото исклучување од членство или на друг начин избегнување на мерката времено одземање на правото за вршење сметководствени работи,

3) примање на подароци или друг вид корист или поставување на личниот финансиски интерес во судир со положбата и статусот на вршителот на сметководствени работи,

4) оддавање класифицирана информација со степен на тајност определена согласно закон,

5) одбивање да даде податоци на државни органи, правни лица и на граѓани, доколку давањето на податоците е пропишано со закон и

6) давање неточни податоци на државни органи, правни лица и на граѓани, доколку давањето на податоците е пропишано со закон.

Член 37

(1) Доколку во водење на дисциплинската постапка, Дисциплинската комисија стекне сознанија дека е извршено кривично дело за дејствијата за кои се води постапката, ќе ја прекине постапката и ќе поднесе пријава до надлежниот орган за постапување.

(2) Доколку во водење на дисциплинската постапка, дисциплинската комисија стекне сознанија за корупција на вршител на сметководствени работи, ќе ја прекине постапката и ќе поднесе пријава до надлежниот орган за постапување .

Член 38

(1) Против одлуката на дисциплинската комисија со која се изрекува дисциплинска мерка, вршителот на сметководствени работи има право на приговор до Претседателот на Институтот во рок од 10 дена од денот на доставување на одлуката.

(2) Претседателот на Институтот е должен да одговори по приговорот од став (1) на овој член во рок од пет дена од денот на поднесување на приговорот.

Член 39

(1) Одлуката донесена во дисциплинска постапка ја извршува Претседателот на Институтот и истата се објавува на веб страната на Институтот и се запишува во соодветниот регистар на Институтот.

(2) Дисциплинската мерка од член 32 став (4) точка 1) се брише од соодветниот регистар на Институтот по истекот на една година од нејзиниот упис.

(3) Дисциплинската мерка од член 32 став (4) точка 2) се брише од соодветниот регистар на Институтот по истекот на две години од нејзиниот упис.

(4) Дисциплинската мерка од член 32 став (4) точка 3) се брише од соодветниот регистар на Институтот по истекот на три години од нејзиниот упис.

 

VII. КОНТРОЛА НА РАБОТЕЊЕТО

Член 40

(1) Контрола на работењето на вршителот на сметководствени работи, трговецот поединец – сметководител, трговецот поединец - овластен сметководител и друштвото за вршење сметководствени работи (во натамошниот текст: субјекти на контрола) врши Институтот.

(2) Контролата од став (1) на овој член опфаќа проверка на:

1) усогласеноста на работењето со одредбите на овој закон и законите и подзаконските прописи со кои се регулира водењето на сметководството и

2) усогласеноста на нивното работење со актите на Институтот за исполнување на барањата на Кодексот на етика за професионалните сметководители на IFAC.

(3) Контролата се врши согласно годишната програма на Институтот за контрола на работењето на вршителот на сметководствени работи, трговецот поединец – сметководител, трговецот поединец - овластен сметководител и друштвото за вршење сметководствени работи или на барање на заинтересирани страни.

(4) Контролата од став (1) на овој член се спроведува на објективен и независен начин и со постапка која исклучува судир на интереси меѓу лицето кое ја спроведува контролата и субјектот на контрола.

(5) Контролата од став (1) на овој член ја вршат овластени сметководители вработени во стручната служба на Институтот со најмалку пет години работно искуство во вршењето на сметководствени работи.

(6) Лицето одговорно за контрола составува извештај за извршената контрола во кој ги наведува своето мислење, утврдените неправилности и незаконитости, препораките за корективни дејства и рокот за отстранување на утврдените неправилности и незаконитости.

(7) Извештајот од став (6) на овој член се доставува до субјектот на контрола кој има право на приговор во рок од пет дена од денот на приемот на Извештајот. Управниот одбор одлучува по приговорот во рок од пет дена од денот на приемот.

(8) Субјектот на контрола е должен во рокот определен во извештајот од став (6) на овој член да ги отстрани утврдените неправилности и незаконитостите и до Институтот да поднесе извештај во кој ќе ги опише преземените мерки и ќе приложи документи и докази за отстранување на неправилностите и незаконитостите.

(9) По истекот на роковите од став (7) на овој член Извештајот за извршената контрола се објавува на веб страницата на Институтот.

Член 41


Врз основа на извештајот од спроведената контрола од член 40 на овој закон, Управниот одбор на Институтот ги презема следните мерки:

1) покренува дисциплинска постапка против сметководителот и/или овластениот сметководител и

2)поднесува барање за поведување на прекршочна постапка до надлежен суд.

 

VIII. НАДЗОР

Член 42


Надзор над спроведувањето на одредбите на овој закон врши Министерството за финансии.

Член 43

(1) Надзор над работењето на Институтот врши Министерството за финансии.

(2) За спроведениот надзор од став (1) на овој член се составува записник во кој се наведуваат констатираните неправилности и незаконитости во однос на работењето на Институтот и се даваат препораки и рокови за нивно отстранување.

(3) Доколку во рокот определен во записникот од став (2) на овој член не се отстранат утврдените неправилности и незаконитостите и не се постапи во согласност со член 9 став (6) точки 1), 2), 7) и 9) министерот за финансии дава предлог за отповикување на претседателот и членовите на Надзорниот одбор до Собранието на Институтот.

(4) Доколку во рокот определен во записникот од став (2) на овој член не се отстранат утврдените неправилности и незаконитостите и не се постапи во согласност со член 10 став (3) точки 10), 11), 12), 13) и 19), министерот за финансии дава предлог за отповикување на претседателот и членовите на Управниот одбор до Надзорниот одбор.

 

IX. ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ

Член 44


Глоба во износ од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на сметководителот односно овластениот сметководител, ако:

1) ја прекрши обврската за заштита на тајноста на податоците (член 26),

2) врши сметководствени работи спротивно на член 28 став (2) точка 1 ),

3) не го извести Институтот во согласност со член 29 став (4) и 4)не ги отстрани утврдените неправилности и незаконитости во согласност со

член 40 став (8).

Член 45

(1) Глоба во износ од 4.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на трговец - поединец сметководител, трговецот - поединец овластен сметководител и друштвото за вршење сметководствени работи, ако:

1) врши сметководствените работи во спротивност со член 20 ставови (5) (6) и (7),

2) не го исполнува условот од член 20 став (8) односно доколку сметководствените работи ги вршат лица кои не се сметководители и/или овластени сметководители,

3) не постапи во согласност со член 23,

4) не склучи договор согласно член 25 став (1),

5)вршењето на сметководствени работи го отстапи на друг трговец поединец односно друштво за вршење сметководствени работи (член 25 став 2),

6) ја прекрши обврската за заштита на тајноста на податоците (член 26),

7) врши сметководствени работи кај обврзник за водење сметководство во спротивност на член 28 став (2) точка 2) ,

8) не го извести Институтот во согласност со одредбата од член 29 став (4) и

9) не ги отстрани утврдените неправилности и незаконитости во согласност со член 40 став (8).

(2) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за трговецот - поединец сметководител, односно трговецот - поединец овластен сметководител, односно друштвото за вршење сметководствени работи ќе му се изрече на одговорното лице во трговецот- поединец сметководител, односно трговецот - поединец овластен сметководител, односно друштвото за вршење сметководствени работи за прекршоците од ставот (1) на овој член.

Член 46

(1) Глоба во износ од 6.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на Институтот, ако:

1) не побара согласност од Министерството за финансии во согласност со член 7 став (3) од овој закон,

2) не ги објавува актите на Собранието на начин пропишан со член 7 став (5) од овој закон,

3) не го изврши уписот во регистарот согласно член 18 став (6),

4) не издаде лиценца согласно член 21 став (6),

5) не го изврши уписот во регистарот согласно член 22 став (2) и

6) не ги отстрани утврдените неправилности и незаконитости согласно со член 43

став (3).

(2) За прекршоците од став (1) на овој член глоба во износ од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече и на Претседателот на Институтот.

Членовите 46-а, 46-б, 46-в, 46-г и 46-д се бришат (Член 17 од Законот за изменување и дополнување на Законот за вршење на сметководствени работи објавен во „Службен весник на Република Македонија” бр. 190/16).



Член 46-ѓ

(1) Глоба во износ од 25 до 50 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на овластеното службено лице ако во рокот утврден во членовите 18 став (4) и 21 став (3) од овој закон не ги побара потребните документи.

(2) Глоба во износ од 25 до 50 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на овластеното службеното лице во Централниот регистар на Република Македонија ако во рокот утврден во членовите 18 став (5) и 21 став (4) од овој закон не ги достави бараните документи.

Член 47


За прекршоците утврдени во членовите 44, 45, 46, и 46-ѓ од овој закон прекршочна постапка води и прекршочни санкции изрекува надлежен суд.

Член 47-а


Одмерувањето на висината на глобата за правно лице, односно за трговец-поединец се врши согласно Законот за прекршоците.

X. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 48

(Член 48 од Законот објавен во „Службен весник на Република Македонија” бр.95/12 )

(1) Лицето кое до влегувањето во сила на овој закон вршело сметководствени работи може да поднесе барање за добивање уверение за сметководител во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон, ако:

1) има средно образование и најмалку три години работно искуство во вршење на сметководствени работи или

2) има вишо образование (прв степен) и најмалку две години работно искуство во вршење на сметководствени работи или

3) има високо образование и најмалку една година работно искуство во вршење на сметководствени работи.

(2) Кон барањето од став (1) на овој член задолжително се доставува:

1) доказ (уверение) за завршено образование,

2) потврда од Агенцијата за вработување за работен стаж, 3)потврда од работодавач за работно искуство во вршење на сметководствени

работи и

4) доказ за уплата на надоместокот за добивање уверение за сметководител.

Член 49
(Член 49 од Законот објавен во „Службен весник на Република Македонија” бр.95/12 )

(1)Лицето кое до влегувањето во сила на овој закон вршело сметководствени работи може да поднесе барање за добивање уверение за овластен сметководител во

рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон, ако 1)има средно образование и најмалку десет години работно искуство во вршење

на сметководствени работи или 2)има вишо образование (прв степен) и најмалку осум години работно искуство

во вршење на сметководствени работи или 3)има високо образование и најмалку три години работно искуство во вршење на

сметководствени работи.

(2) Кон барањето од став (1) на овој член задолжително се доставува: 1) уверение за завршено образование,

2) потврда од Агенцијата за вработување за работен стаж,

3) потврда од работодавач за работно искуство во вршење на сметководствени

работи и 4)доказ за уплата на надоместокот за добивање уверение за овластен сметководител.

(3) Лицата од став (1) на овој член и член 48 став (1) од овој закон имаат право да полагаат испит за овластен сметководител односно сметководител доколку поднесат барање во рокот на важноста на уверението од член 50 став (3) од овој закон, во спротивно, доколку немаат соодветно образование согласно член 15 ставови (2) и (3) од овој закон го губат правото за полагање на испит за овластен сметководител односно сметководител.

(4) Кон барањето за полагање на испит од член 15 ставови (2) и (3) од овој закон, лицата од став (3) на овој член до Институтот поднесуваат само уверение за овластен сметководител односно сметководител издадено од Министерството за финансии и доказ за уплата на надоместокот за полагање на испитот.

Член 50
(Член 50 од Законот објавен во „Службен весник на Република Македонија” бр.95/12 )

(1) Барањата од членовите 48 и 49 се поднесуваат до Министерството за финансии.

(2) Министерството за финансии уверенијата од член 48 став (1) и член 49 став (1) на овој закон ги издава во рок од 30 дена од поднесувањето на барањето од став (1) на овој член.

(3) Уверенијата од член 48 став (1) и член 49 став (1) се со важност од 48 месеци од денот на издавањето.

(4) По исклучок од став (3) на овој член, на лицата со над 25 години работно искуство во вршење на сметководствени работи Министерството за финансии им издава уверенија со трајна важност.

(5) По истекот на рокот од став (3) на овој член лицето кое добило уверение за сметководител или овластен сметководител согласно член 48 односно член 49 од овој закон нема право да врши сметководствени работи доколку не го положи испитот за сметководител или овластен сметководител согласно овој закон.

(6) Министерството за финансии води евиденција за издадените уверенија од член 48 став (1) и член 49 став (1) на овој закон, која особено содржи податоци за:

1) бројот на издаденото уверение, 2)датумот на издавање на уверението,

3)датумот на истек на важноста на уверението,

4)видот на уверението,

5) лични податоци на подносителот на барањето,

6) образование на подносителот на барањето и

7) работно искуство на подносителот на барањето.

Член 51
(Член 51 од Законот објавен во „Службен весник на Република Македонија” бр.95/12 )

(1) До основање на Институтот подготвителните работи во врска со отпочнување на неговата работа ќе ги врши комисија формирана од министерот за финансии.

(2) Комисијата од став (1) на овој член е составена од претседател и десет члена. Претседателот и пет члена се од Министерството за финансии и пет члена се од лицата на кои министерот за финансии им издал уверение за овластен сметководител.

(3) Комисијата од став (1) на овој член ги подготвува актите за основачкото собрание на Институтот.

(4) Основачкото собрание на Институтот на кое ќе се изберат органите и ќе се одобрат сите акти на Институтот ќе се одржи во рок од три месеци од денот на влегување во сила на овој закон.

(5) Основачкото собрание на Институтот го свикува министерот за финансии и со него раководи претседателот на комисијата од став (1) на овој член.

Член 52 - Избришан

(Членот 52 е избришан согласно Законот за изменување и дополнување на Законот

за вршење на сметководствени работи („Службен весник на Република Македонија” бр.27/14).

Член 53
(Член 53 од Законот објавен во „Службен весник на Република Македонија” бр.95/12 )

(1) Регистарот на сметководители, Регистарот на овластени сметководители, Регистарот на трговци поединци - сметководители, Регистарот на трговци поединци - овластени сметководители и Регистарот на друштва за вршење сметководствени работи ќе се воспостават во рок од четири месеци од изборот на Управниот одбор.

(2) Вршителите на сметководствени работи кои добиле уверение од министерот за финансии се должни да поднесат барање за запишување во соодветниот регистар во рок 15 дена од денот на воспоставување на регистрите.

(3) Постојните правни лица кои се регистрирани за вршење сметководствени работи,се должни да се усогласат со одредбите на овој закон и да поднесат барање за запишување во соодветниот регистар во рок од шест месеци од денот на изборот на Управниот одбор .

Член 54
(Член 54 од Законот објавен во „Службен весник на Република Македонија” бр.95/12 )

Првиот испит за стекнување на уверение за сметководител односно овластен сметководител ќе се спроведе во рок девет месеци од денот на изборот на Управниот одбор.

Член 55
(Член 55 од Законот објавен во „Службен весник на Република Македонија” бр.95/12 )

Подзаконските акти предвидени со овој закон ќе донесат во рок од три месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон.

Член 56
(Член 56 од Законот објавен во „Службен весник на Република Македонија” бр.95/12 )

Одредбата од членот 27 од овој закон ќе започне да се применува по пристапување на Република Македонија во Европската Унија.

Член 57
(Член 4 од Законот објавен во „Службен весник на Република Македонија” бр.188/13 )

Подзаконските прописи предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон.

Член 58
(Член 5 од Законот објавен во „Службен весник на Република Македонија” бр.188/13 )

Започнатите постапки за полагање на испитите за сметководител и овластен сметководител до денот на отпочнување на примена на одредбите за полагање на испитите согласно овој закон, ќе завршат според одредбите на прописите по кои започнале.

Член 59
(Член 6 од Законот објавен во „Службен весник на Република Македонија” бр.188/13 )

Единствениот електронски систем за полагање на испитот се воспоставува во рок од една година од денот на влегувањето во сила на овој закон.

Член 60
(Член 7 од Законот објавен во „Службен весник на Република Македонија” бр.188/13 )

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а членовите 1, 2 и 3 ќе започнат да се применуваат

една година од денот на влегувањето во сила на овој закон.

Член 61

(Член 5 од Законот објавен во „Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14)

(1) Лицата кои до истекот на роковите од член 48 став (1) и член 49 став (1) од Законот за вршење на сметководствени работи („Службен весник на Република Македонија“ бр.95/12 и 188/13) не поднеле барање за добивање уверение за сметководител или уверение за овластен сметководител, можат во рок од 90 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон да поднесат барање до Министерството за финансии за добивање уверение за сметководител или уверение за овластен сметководител и да достават докази за исполнетост на условите.

(2) Лицата кои до денот на влегувањето во сила на овој закон ги исполниле условите од член 48 став (1) или член 49 став (1) од Законот за вршење на сметководствени работи („Службен весник на Република Македонија“ бр.95/12 и 188/13), можат во рок од 90 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон да поднесат барање до Министерството за финансии за добивање уверение за сметководител или уверение за овластен сметководител и да достават докази за исполнетост на условите.

(3) Лицата кои до денот на влегувањето во сила на овој закон ги исполниле условите за добивање уверение за овластен сметководител согласно член 49 став (1) од Законот за вршење на сметководствени работи („Службен весник на Република Македонија“ бр.95/12 и 188/13) и кои добиле уверение за сметководител, можат во рок од 90 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон да поднесат барање до Министерството за финансии за добивање уверение за овластен сметководител и да достават докази за исполнетост на условите.

(4) Лицата кои до денот на влегувањето во сила на овој закон ги исполниле условите за добивање уверение со трајна важност согласно член 50 став (4) од Законот за вршење на сметководствени работи („Службен весник на Република Македонија“ бр.95/12 и 188/13) и кои добиле уверение за сметководител или овластен сметководител, можат во рок од 90 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон да поднесат барање до Министерството за финансии за добивање уверение со трајна важност и да достават докази за исполнетост на условите.

(5) Лицата од ставовите (3) и (4) на овој член, кон барањето за добивање уверение задолжително го доставуваат и оригиналот од добиеното уверение за сметководител или овластен сметководител.

(6) Министерството за финансии ги издава уверенијата од ставовите (1), (2), (3) и (4) на овој член во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето.

(7) Со денот на издавањето на уверението од ставовите (3) и (4) престанува да важи претходно издаденото уверение.

(8) Уверенијата од став (6) на овој член се со важност од 30 месеци од денот на издавањето.

(9) По исклучок од став (8) на овој член, на лицата со над 25 години работно искуство во вршење на сметководствени работи, министерот за финансии им издава уверение со трајна важност.

(10) По истекот на рокот од став (8) на овој член, лицето кое добило уверение за сметководител или овластен сметководител нема право да врши сметководствени работи доколку не го положи испитот за сметководител или овластен сметководител.

(11) Министерството за финансии води евиденција за издадените уверенија од став (6) на овој член согласно член 50 став (6) од Законот за вршење на сметководствени работи („Службен весник на Република Македонија“ бр.95/12 и 188/13).

Член 62
(Член 6 од Законот објавен во „Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14)

Уверенијата за сметководители и овластени сметководители, освен уверенијата со трајна важност, кои што се издадени до денот на влегувањето во сила на овој закон, ќе важат 48 месеци сметано од денот на нивното издавање.

Член 63
(Член 11 од Законот објавен во „Службен весник на Република Македонија” бр. 23/16)

Мандатот на првиот Надзорен одбор на Институтот избран на основачкото собрание на Институтот е шест години.

Член 64
(Член 12 од Законот објавен во „Службен весник на Република Македонија” бр. 23/16)

Започнатите постапки до денот на влегувањето во сила на овој закон ќе завршат според законот по кој започнале.

Член 65
(Член 13 од Законот објавен во „Службен весник на Република Македонија” бр. 23/16)

Подзаконските акти утврдени со овој закон ќе се донесат во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.

Член 66
(Член 14 од Законот објавен во „Службен весник на Република Македонија” бр. 23/16)

Одредбите од членовите 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, и 10 ќе започнат да се применуваат со денот на започнувањето на примената на Законот за општата управна постапка согласно со членот 141 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ број 124/15).

Член 67
(Член 19 од Законот објавен во „Службен весник на Република Македонија” бр. 190/16)

(1) Лицата кои се стекнале со уверенија за сметководител односно овластен

сметководител согласно членовите 48, 49 и 50 од Законот за вршење на сметководствени работи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 95/12) и членовите 5 и 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за вршење на сметководствени работи („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/14), можат во рок од 60 дена од денот на влегување во сила на овој закон да поднесат барање до Институтот за издавање на ново уверение за сметководител односно овластен сметководител согласно условите под кои ги стекнале уверенијата издадени од министерот за финансии.

(2) Кон барањето од став (1) на овој член до Институтот задолжително се доставува оригинал или копија заверена на нотар од уверението за сметководител односно овластен сметководител издадено од министерот за финансии.

(3) Институтот е должен на лицата од став (1) на овој член да им издаде ново уверение за сметководител односно овластен сметководител во рок од 60 дена од денот на поднесување на барањето.

(4) Со денот на издавање на уверенијата од став (3) на овој член престануваат да важат уверенијата издадени од министерот за финансии.

(5) На лицата кои во рокот од став (1) на овој член нема да поднесат барање до Институтот за издавање на ново уверение за сметководител односно овластен сметководител им престанува важноста на постојните уверенија за сметководител или овластен сметководител издадено од министерот за финансии и врз основа на истите немаат право да вршат сметководствени работи.

Член 68
(Член 20 од Законот објавен во „Службен весник на Република Македонија” бр. 190/16)

Првиот испит за проверка на знаење за сметководител односно овластен сметководител ќе се спроведе во рок од три месеци од завршување на првата обука за континуирано професионално усовршување од 90 часа за сметководител, односно 120 часа за овластен сметководител согласно член 19 од овој закон.

Член 68
(Член 21 од Законот објавен во „Службен весник на Република Македонија” бр. 190/16)

Подзаконските акти предвидени со овој закон ќе донесат во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.

ЗА НАС

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија е професионално здружение на сметководителите и овластените сметководители, основано во согласност со Законот за вршење на сметководствена дејност. Институтот се основа со цел унапредување на сметководствената професија и организирано делување.

КОНТАКТ ИНФО

Ѓуро Стругар бр.5
(зграда Технометал Вардар)
кат 1, лок 132/133
1000 Скопје,
Република Македонија

T: +389 (0)2 3200030
E: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.