За Институтот

 

                                                              

 

Институт на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија (ИСОС)

Сметководителите и овластените сметководители на територијата на Република Македонија се организираат во Институт на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија (ИСОС).

Институтот е професионално здружение на сметководители и овластените сметководители основано согласно Законот за вршење на сметководствени работи и е основан со цел унапредување на сметководствената професија и организирано делување на сметководителите и овластените сметководители на територијaта на Република Македонија.

Институтот е независна, неполитичка и непрофитна организација, во која членуваат сметководители и овластените сметководители, без оглед на нивната национална, верска, расна и друга припадност.

Институтот во согласност со Законот за вршење на сметководствени работи:

1) води Регистар на сметководители, Регистар на овластени сметководители, Регистар на трговци поединци-сметководители, Регистар на трговци – поединци овластени сметководители и Регистар на друштва за вршење сметководствени работи,

2) врши контрола на работењето на вршителите на сметководствени работи, трговците поединци - сметководители и трговците поединци – овластени сметководители и друштвата за вршење сметководствени работи,

3) организира и спроведува испит за проверка на знаење за сметководител односно овластен сметководител,

4) издава уверение за сметководител и уверение за овластен сметководител,

5) издава и одзема лиценци за работа на трговците поединци – сметководители, трговците поединци - овластени сметководители и друштвата за вршење сметководствени работи,

6) одлучува по барањата за одобрување на квалификација за сметководител односно овластен сметководител стекната во странство,

7) организира и спроведува испит за одобрување на квалификација за сметководител односно овластен сметководител стекната во странство,

8) организира и спроведува обука за континуирано професионално усовршување,

9) ја следи примената на Кодексот на етика за професионални сметководители на IFAC,

10) ги преведува МСФИ и МСФИ за МСС,

11) соработува со други соодветни професионални тела во Република Македонија и во странство и

12) врши други работи утврдени со Законот.

Органи на Институтот

Органи на Институтот се Собрание, Надзорен одбор, Управен одбор и Претседател.

Собранието на Институтот го сочинуваат сите сметководители и овластените сметководители. Во Собранието сметководителите и овластените сметководители ги претставуваат избрани претставници од подружниците на Институтот.

Собранието на Институтот:

1) го донесува статутот на Институтот,

2) ја утврдува висината на членарините,

3) ја утврдува висината на надоместоците за издавање на лиценци за работа,

4) ја донесува програмата за полагање на испит за проверка на знаење на сметководител односно овластен сметководител,

5) ја донесува програмата за одобрување на квалификација за сметководител односно овластен сметководител стекната во странство,

6) ја утврдува висината на надоместокот за полагање на испит за проверка на знаење на сметководител односно овластен сметководител,

7) ја утврдува висината на надоместокот за издавање уверение за овластен сметководител без полагање испит,

8) ја утврдува висината на надоместок за полагање испит за признавање на професионална квалификација стекната во странство,

9) ја донесува годишната програма за континуирано професионално усовршување

10) го утврдува надоместокот за континуирано професионално усовршување

11) ја донесува годишната програма за контрола на работењето на вршителот на сметководствени работи, трговецот поединец - сметководител, трговецот поединец - овластен сметководител и друштвото за вршење сметководствени работи

Надзорниот одбор го сочинуваат претседател и четири члена со мандат од три години.

Со Институтот управува Управен одбор. Управниот одбор го сочинуваат претседател и четири члена со мандат од пет години.

Претседателот на Институтот истовремено е и претседател на Управниот одбор.

За да се овозможи активна положба и улога на сите членови од територијата на Република Македонија во остварувањето на работите и задачите на Институтот, Институтот формира подружници на територијален принцип за една или повеќе единици на локална самоуправа. 

 

Подружниците немаат својство на правно лице, при што Институтот има осум подружници, и тоа:

1) За подрачјето на град Скопје, општините во негов состав и населените места околу нив, со седиште во Скопје,

2) За подрачјето на: Битола, Охрид, Ресен, Струга и други општини и населени места околу нив, со седиште во Битола,

3) За подрачјето на: Куманово, Крива Паланка, Кратово, Пробиштип, Злетово, и други населени места околу нив, со седиште во Куманово,

4) За подрачјето на: Прилеп, Крушево, Демир Хисар, Македонски Брод и други општини и населени места околу нив, со седиште во Прилеп,

5) За подрачјето на: Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар и другите општини и населени места околу нив, со седиште во Тетово,

6) За подрачјето на: Велес, Кавадарци, Неготино, Валандово, Гевгелија, Богданци, Дојран и други општини и населени места околу нив, со седиште во Велес;

7) За подрачјето на: Штип, Кочани, Свети Николе, Виница, Делчево и другите населени места околу нив, со седиште во Штип и

8) За подрачјето на: Струмица, Берово, Пехчево, Радовиш и други општини и населени места околу нив, со седиште во Струмица.

 

          

 

 

ЗА НАС

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија е професионално здружение на сметководителите и овластените сметководители, основано во согласност со Законот за вршење на сметководствена дејност. Институтот се основа со цел унапредување на сметководствената професија и организирано делување.

КОНТАКТ ИНФО

Ѓуро Стругар бр.5
(зграда Технометал Вардар)
кат 1, лок 132/133
1000 Скопје,
Република Македонија

T: +389 (0)2 3200030
E: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.