Управен одбор

Со Институтот раководи Управен одбор кој го сочинуваат претседател и четири члена со мандат од пет години.

Управниот одбор ги подготвува и предлага Годишната програма за работа и развој и Годишниот финансиски план на Институтот, ги подготвува годишната сметка и годишниот извештај за работењето на Институтот, ја предлага висината на членарините, ја предлага висината на надоместокот за издавање на лиценци за работа, ја предлага висината на надоместокот за полагање на испит за проверка на знаење на сметководител односно овластен сметководител, ја предлага висината на надоместокот за добивање уверение за овластен сметководител без полагање испит, ја предлага висината на надоместок за полагање испит за признавање на професионална квалификација стекната во странство согласно член 16 од овој закон.

Ова тело исто така одлучува за упис и бришење на членовите во регистрите на Институтот, ја предлага годишната програма за континуирано професионално усовршување, ја предлага годишната програма за контрола на работењето на вршителот на сметководствени работи, трговецот поединец-сметководител, трговецот поединец- овластен сметководител и друштвото за вршење сметководствени работи , ја предлага програмата за полагање на испитот за проверка на знаењето на сметководител односно овластен сметководител, ја предлага програмата за одобрување на квалификација за сметководител, односно овластен сметководител стекната во странство, издава и одзема лиценци за работа.

Седница на Управниот одбор свикува и со неа раководи претседателот на Управниот одбор. Управниот одбор еднаш годишно до Надзорниот одбор поднесува извештај за своето работење.

Претседател на Институтот истовремено е и претседател на Управниот одбор. Претседателот го претставува и застапува Институтот, се грижи Институтот да работи согласно со закон, ги спроведува одлуките на Собранието на Институтот, потпишува налози за исплата од сметката на Институтот, одлучува по приговори по изречени мерки во дисциплинска постапка, ја извршува одлуката донесена во дисциплинска постапка.

Членови на Управен одбор:

Ленче Папазовска

Тихомир Мурџески

Тони Димитровски

Орхан Рамадани

Јован Златевски

 

 

ЗА НАС

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија е професионално здружение на сметководителите и овластените сметководители, основано во согласност со Законот за вршење на сметководствена дејност. Институтот се основа со цел унапредување на сметководствената професија и организирано делување.

КОНТАКТ ИНФО

Ѓуро Стругар бр.5
(зграда Технометал Вардар)
кат 1, лок 132/133
1000 Скопје,
Република Македонија

T: +389 (0)2 3200030
E: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.