×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 579

УЈП организира обуки за пријавување и оданочување на приходите остварени од издавање под закуп на движен и недвижен имот

03 Јануари 2018

Управата за јавни приходи информира дека од 09 јануари 2018 година отпочнува со реализација на едукативни програми наменети за граѓани на тема: „Пријавување и оданочување на приходи остварени од издавање под закуп на движен и недвижен имот“.

„Со обуките кои ќе се спроведуваат во период од еден месец, предвидени се 39 работни средби со граѓаните од 31 општини низ Републиката. Првите работни средби ќе се реализираат во општините Виница, Скопје и Гевгелија. Ги повикуваме сите заинтересирани граѓани да се пријават и да ги посетат обуките. На еднодневното советување, посетителите ќе имаат можност да се стекнат со знаења и практични примери за начинот на пријавување и оданочување на остварените приходи и даночните поволности“, се вели во соопштението на УЈП.

Повеќе информации за тоа како да се пријавите за учество на обуките како и распоред на одржување по градови може да се најде на следниот линк.

ЗА НАС

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија е професионално здружение на сметководителите и овластените сметководители, основано во согласност со Законот за вршење на сметководствена дејност. Институтот се основа со цел унапредување на сметководствената професија и организирано делување.

КОНТАКТ ИНФО

Ѓуро Стругар бр.5
(зграда Технометал Вардар)
кат 1, лок 132/133
1000 Скопје,
Република Македонија

T: +389 (0)2 3200030
E: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.