×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 579

Правилник за формата и содржината на барањето за извадање на одобрение за намалување на пресметаниот данок на доход по основ на воведување на фискален систем на опрема

03 Јануари 2018

Министерство за финансии донесе Правилник за формата и содржината на барањето за извадање на одобрение за намалување на пресметаниот данок на доход по основ на воведување на фискален систем на опрема, односно фискална апаратура и интегриран автоматски систем за управување објавен во Службен весник бр.197/17 со примена од 1 јануари 2018 година.

Барањето за извадање на одобрение за намалување на пресметаниот данок на доход по основ на воведување на фискален систем на опрема, односно фискална апаратура и интегриран автоматски систем за управување се поднесува на образец „ПДД-02“. Формата и содржината на барањето се дадени во прилог на правилникот. 

Со денот на примена на овој Правилник престанува да важи Правилникот за форма и содржина на образецот на барање за одобрување на даночно ослободување по основ на воведување на систем на опрема за регистрирање на готовински плаќања ( Службен весник на РМ бр. 66/16).

Во прилог го објавуваме образецот „ПДД-02“.

ЗА НАС

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија е професионално здружение на сметководителите и овластените сметководители, основано во согласност со Законот за вршење на сметководствена дејност. Институтот се основа со цел унапредување на сметководствената професија и организирано делување.

КОНТАКТ ИНФО

Ѓуро Стругар бр.5
(зграда Технометал Вардар)
кат 1, лок 132/133
1000 Скопје,
Република Македонија

T: +389 (0)2 3200030
E: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.