×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 579

НОВОСТИ

Во прилог известување од Министерството за финансии.
Институтот на сметководители и овластени сметководители информира дека Регистарот на овластени сметководители и Регистарот на сметководители се дополнети со носители на уверенија за кои е завршена постапката за упис, согласно Законот за вршење сметководствени работи.
Народната банка на РМ објавува дека референтната стапка за пресметување на стапката на казнената камата, за периодот од 1 јануари 2018 година до 30 јуни 2018 година изнесува 3,25%.
Управата за јавни приходи информира дека од 09 јануари 2018 година отпочнува со реализација на едукативни програми наменети за граѓани на тема: „Пријавување и оданочување на приходи остварени од издавање под закуп на движен и недвижен имот“.
Министерството за финансии донесе Правилник за начинот на пресметка и уплата на аконтацииите за персонален данок на доход, форма и содржина и начин на доставување и одобрување на електронската пресметка за приход и данок објавен во Службен весник бр.197/17 со примена од 1 јануари 2018 година.
Управата за јавни приходи информира дека со Законот за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход („Службен весник на РМ“, бр.190/2017), од 1 јануари 2018 година се воведува нова процедура за пресметување и плаќање на обврските за персонален данок на доход, односно пресметувањето на данокот ќе се врши со поднесување на Електронска пресметка за приход и данок (е-ППД) до Управата за јавни приходи, преку новиот систем е-Персонален данок e-pdd.ujp.gov.mk.
Управата за јавни приходи на РМ објавува соопштение за пресметка на плата за 2018 година.

ЗА НАС

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија е професионално здружение на сметководителите и овластените сметководители, основано во согласност со Законот за вршење на сметководствена дејност. Институтот се основа со цел унапредување на сметководствената професија и организирано делување.

КОНТАКТ ИНФО

Ѓуро Стругар бр.5
(зграда Технометал Вардар)
кат 1, лок 132/133
1000 Скопје,
Република Македонија

T: +389 (0)2 3200030
E: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.