Надзорен одбор

Надзорниот одбор го сочинуваат претседател и четири члена со мандат од три години. Членовите на Надзорниот одбор не можат да бидат членови на други органи и комисии на Институтот. Надзорниот одбор одлуките ги донесува со јавно гласање и со мнозинство гласови од присутните членови.


Надлежности на Надзорниот одбор:

- периодични контроли на материјалното и финансиското работење на Институтот,
- ги избира и отповикува претседателот и членовите на Управниот одбор по претходно позитивно мислење од Министерот за финансии,
- ја разгледува годишната програма за работа и развој и годишниот финансиски план на Институтот и дава мислење по истата до Собранието,
- ја разгледува годишната сметка и годишниот извештај за работа на Институтот и дава мислење по истата до Собранието.
- го одобрува деловникот за работа на Управниот одбор,
- ги разгледува извештаите за работењето на Управниот одбор,
- врши контрола над работењето на Институтот согласно Закон, Статут и другите акти на Институтот,
- предлага мерки кои треба да бидат преземени за спроведување и отстранување на неправилностите и незаконитостите во работата на Институтот,
- поднесува извештај за своето работење до Собранието на Институтот и до Министерот за финансии заради нивно информирање и
- во случај на отповикување на претседателот и членовите на Управниот одбор, Надзорниот одбор по можност веднаш, а најдоцна во рок од 15 дена од денот на отповикувањето, избира нов претседател и нови членови на Управниот одбор.

 

Надзорен одбор:

Сашо Раденковиќ
Благоја Грозданов
Јане Попоски
Арифе Асипи Рамадани
Орце Наумовски

ЗА НАС

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија е професионално здружение на сметководителите и овластените сметководители, основано во согласност со Законот за вршење на сметководствена дејност. Институтот се основа со цел унапредување на сметководствената професија и организирано делување.

КОНТАКТ ИНФО

Ѓуро Стругар бр.5
(зграда Технометал Вардар)
кат 1, лок 132/133
1000 Скопје,
Република Македонија

T: +389 (0)2 3200030
E: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.